Connect with us

Македонија

ТВ Кобра АНАЛИЗА: Дали трговците ќе ги иселат и оние млади луѓе кои останаа во Македонија. Европски цени во маркетите, македонски плати

Media Press

Објавено на

Дали трговците ќе ги иселат и оние млади луѓе кои останаа во Македонија, ТВ Кобра анализира. Европски цени во маркетите, а македонски плати.

„Ако сакав да плаќам 10 евра за килограм кашкавал или сирење, 10 евра килограм телешко месо, две евра за 10 јајца, едно до две евра обични тестенини, 1,8 евра рафинирано малсо, ќе се преселев во Германија или во некоја друга европска држава, каде платите се  во просек од 2.000 до 4.000 илјади евра“ вели млад радовишанец кој сакаше да остане анонимен но ја анализираше моменталната ситуација со цените во маркетите во Македонија.

Тој вели дека ситуацијата станува алармантна и нешто треба да се направи за да се стави под контрола „дивеењето“ на цените во маркетите. Бидејќи како што вели „иритира“ секојдневното зголемување на цените на прехранбените производи и на производите за лична хигиена кои граѓаните мора да ги купуваат, а се покачуваат без никаква причина.

„Цената на електричната енергија е стабилна и не се зголемува, горивата исто така, платите се зголемуваат еднаш годишно и не им е јасно на граѓаните што ги зголемува цените на производите, очигледно профитот на компаниите“, вели тој. 

„Иако јас лично имам добра плата бидејќи работам во ИТ секторот, сепак како млад семен човек со две деца, ја чувствуваме оваа непријатна ситуација, а можам да зимислам како се чувствуваат граѓаните кои што работат обични работи за плата од 400 до 600 евра“, вели нашиот соговорник.

Овој млад човек апелира до сопствениците на маркети да им проработи свеста и да не „лакомат“ повеќе за профит, бидејќи ќе се иселат и овие млади луѓе што останаа во Македонија, па ќе им останат како главни потрошувачи пензионерите, со леб и млеко секое утро, а тогаш најмногу корист ќе имаат аптеките но не и маркетите.

Исто така ги спомна и мерките на Владите како на оваа, така и на претходната, за кои вели нешто не е во ред, како уште повеќе да ги потикнуваат трговците да ги покачуваат цените а не да ги намалуваат.

„Нешто не е во ред со оваа политика, потребно е да се работи на свеста и на релација трговци – потрошувачи, бидејќи зависат едни од друѓи“ вели тој.

Телевизија Кобра спроведе онлајн АНКЕТА со прашањето: Дали цените се навистина намалени во маркетите? Речиси сите одговори на граѓаните беа дека не почувствувале намалување на цените, туку напротив пред воведување на мерката „Новогодишна Кошничка“ цените биле зголемени, а потоа намалени само на одредени производи, но пак доста високи за македонски стандард.

Инаку за празниците граѓаните ги наполнија своите трпези но ги изпразнија своите сметки па како ќе биде во наредните денови, како што вели нашиот народ „ќе се крпи некако“.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе