Македонија

УЈП: Во декември 2024, 70 % од даночните обврзници навремено ги исполниле своите законски обврски, во законскиот рок

Во текот на месец декември, даночните обврзници успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски, соопштува УЈП.
Во однос на бруто – плата за месец ноември 2024 година, 70,650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552,030 вработени лица.

Во законскиот рок до 16 декември, 49,911 или 71% од работодавачите ја исполниле обврската и исплатиле бруто плати и социјални придонеси за 482,276 од вработените лица.
Ова значи дека за 87% од вработените во државата социјалните придонеси се уплатени навремено.
Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз социјалната сигурност на работниците, велат од Управата за јавни приходи.

Што се однесува до обврските за ДДВ, 98,7 % од регистрираните месечни ДДВ обврзници навремено ги поднеле даночните пријави за месечниот период од 01 – 30/11/2024 година.
Од вкупно 7,284 даночни обврзници, 4,025 во даночните пријави пријавиле даночен долг за ДДВ и имале обврска за уплатат 3,399,369,827 денари од кои 70% или 2,811 од даночните обврзници навремено ги исполниле своите обврски при што уплатиле 78 % од вкупно пријавениот долг односно уплатиле вкупно 2,652,711,966 денари.
За даночните обврзници кои не ги платиле даночните обврски во законскиот рок, Управата за јавни приходи редовно постапува согласно дадените законски овластувања со мерки за глоба за неподнесена даночна пријава и присилна наплата на неплатениот даночен долг.

„Промовирајќи култура на позитивни односи со даночните обврзници, Управата претходно доставува известувања на сите кои задоцниле со потсетување доброволно да ги платат доспеаните даночни обврски, а потоа доставува опомени согласно закон и спроведува присилна наплата од парични средства на сметка во банка (блокада на сметка)“, се вели во соопштението од УЈП.

Целта на Управата за јавни приходи е да постигне висок степен на навремено исполнување на даночните обврски како показател за ефикасно собирање на даночните приходи, заради што делува проактивно и превентивно пренесувајќи соодветни пораки до јавноста и до секој даночен обврзник.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago