Радовиш

Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“ во Радовиш, после 40 години од изградбата

Премиерот Христијан Мицкоски  и министерот за спорт Борко Ристовски денеска присуствува на пуштањето на употреба на спортска сала „25 Мај“ во Радовиш, по завршувањето на целосната санација, Придружувани од градоначалникот Ацо Ристов, претеничката Моника Трајанова и директорката на спортската сала Лолита Арсова.

-Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани, очекувам така да се продолжи и во иднина, изјави Мицкоски нагласувајќи дека обновената сала изгледа европски и репрезентативно.


Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“, е една од капиталните инвестиции на Министерството за спорт во спортската инфраструктура, којашто е рекордно завршена за 40 дена, затоа им честитам на сите инволвирани во проектот како и на министерот за спорт, Борко Ристовски, додаде Мицкоски.

Градоначалникот Ацо Ристов се заблагодари на Министерството за спорт и на Владата за поддршката со која Радовиш доби еден ваков современ спортски објект во кој младите ќе спортуваат и од каде ќе излегуваат нови таленти.

 Министерот Борко Ристовски рече дека е задоволе што проектот е завршен и за пократко од предвденото време на радост на радовишани.
Комплетно се санирани подот и трибините во салата. Вредноста на овој проект е 20.000.000 денари, а проектот е реализиран за помалку од 2 месеци, рече Ристовски.

Инаку Спортската сала е изградена и пуштена во употреба во 1986 година, каде што инвеститор беше „Самоуправна интересна заедница на физичка култура – Радовиш “ (СИЗ за физичка култура – Радовиш).

Низ своето постоење со СРЦ „25 Мај“ Радовиш стопанисуваше Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти на Р. Македонија, во еден период беше издаден под концесија на приватна фирма, за да  од 07.05.2012 година спортскиот објект се врати на Општина Радовиш која повторно менаџира и управува со овој спортски храм, во моментот на чело со директорката Лолита Арсова.

СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м²  со капцитет од 160 гледачи.

Во склоп на  салите објектот располага и со сите неопходни помошни простори како што се 4 гардероби за спортисти, канцеларии, санитарни простории, повеке влезови и излези, бифе и други пропратни простории како што доликува на еден спортски комплекс.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago