Македонија

Мицкоски: Немаме намера да ги зголемуваме старосните граници за заминување во пензија

Премиерот Христијан Мицкоски потенцира дека немаат намера да ја зголемуваат старосната граница за заминување во пензија, ниту да ги зголемуваат давачките, што беше предлог на Фискалниот совет.

„Најлесно е да удриме на грбот на граѓаните. Тоа нема никогаш да го направиме ако не ги исцрпиме сите можности коишто ги црпиме затоа што оваа Влада е избрана со огромна доверба од страна на граѓаните и таа доверба не смее да ја изгуби со тоа што ќе води дволични лицемерни политики, туку стабилни политики, политики коишто се предвидливи и политики на долг рок. Апсолутно можам да ги уверам граѓаните дека и сега сегашниот закон овозможува за одредени професии да имаат пролонгирано заминување во пензија. Немаме намера да ги зголемуваме старосните граници, немаме намера да ги зголемуваме процентите со коишто ќе се зафаќа за придонесите здравствени и пензиски, немаме намера да го зголемуваме данокот на додадена вредност, немаме намера да интервенираме во успешната приказна наречена рамна даночна политика“, нагласи Мицкоски во новогодишното интервју за МИА.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago