Македонија

Возачките дозволи со старото име на државата заминуваат во историјата

Возачките дозволи со старото име на државата Република Македонија, престанаа да важат и заминуваат во историјата. Согласно законот предвидена е парична казна од 100 евра за граѓаните кои ќе возат со стара возачка.

Но министерот Панче Тошковски рече дека полицијата нема да казнува туку само ќе опоменува, за граѓаните да си ги променат возачките дозволи.

Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата. 

Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи.

Покрај личните документи и возачките дозволи, македонските граѓани имаа обврска да ги сменат и регистарски таблички со ознака НМК.

Колку и да не сакаа, сепак граѓаните мораа да ги променат сите лични документи со новото уставно име на државата, Република Северна Македонија и се опростија од старото име.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago