Connect with us

Македонија

Изложбен собир на колекционери на спортски и останати предмети за прв пат се одржа во Македонија и тоа во Радовиш

Media Press

Објавено на

Macedonia Collectors Show, настан кој се одржа за прв пат во Македонија, на 21-ви Декември 2024-та година во Радовиш и имаше за цел да ги собере на едно место најголемите колекционери на албуми, сликички, картички, биндери, автограми и сродна меморабилија. По саемот Zagreb Card Show кој се одржа на крајот на Февруари 2024-та година во Загрев, ова беше втор настан организиран на балканскиот полуостров и тоа токму во Радовиш. Изложбата ја организира Игор Петков од Радовиш колекционер, кој својата богата колекција од спортски предмети за прв пат ја изложи пред радовишани.  

Настанот практично претставуваше изложбен собир на колекционери од спортски и останати предмети во Македонија. Најголемите колекционери ширум целата држава го посетија Радовиш и со своите квалитетни и многубројни колекции дадоа придонес во успешна промоција.

Од бројните посетители најзастапени беа најмладите и како таргет група беа успешно опфатени и инволвирани како од информативен така и од едукативен аспект. Со контрибуција на локални правни субјекти сите деца кои беа присутни, имаа можност бесплатно да добијат пакетчиња со сликички од историскиот албум на Панини во кои за прв пат ги има и македонските репрезентативци.

Во рамки на настанот, сите посетители имаа можност да учествуваат во изложба на ретки, уникатни и занимливи предмети од историјата на светското и македонското фудбалското колекционерство. За време на настанот се одржа и првото заедничко отварање на ретка и елитна хоби колекција, достапна само на надворешниот пазар.

Настанот беше поздравен со видео пораки од Џани Белини од Италија, официјален амбасадор на Панини и човекот кој ја поседува најголемата колекција во светот, како и Иван Гашперт од Хрватска организатор на првиот регионален саем Zagreb Card Show.

Специјални гости на настанот беа Диме Димов, Јовица Трајчев, како и Иван Николов капитен на младинската У-21 репрезентација. Настанот се одржа во Кафе бар 66, а влезот беше слободен за сите посетители.

Игор Петков до сега има учествувано на првиот регионален саем на колекционери во Загреб, кој се одржа на крајот на Февруари 2024-та година со изложба на својата колекција од македонска фудбалска историја, на  поканата од неговиот пријател Иван Гашперт и како единствен македонски претставник ги изложил сите предметите кои датираат од 1968 година. Имајќи го предвид периодот во кој заедно бевме држави членки на СФРЈ, кај колекционерите од Хрватска имаше огромен интерес за колекциите од ЈУ-Фудбал. Исто така до сега со сопствен извор на финансии ги имам посетено соодветните настани во Будимпешта и Виена.  

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе