Струмица

СВР СТРУМИЦА СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, кога оправдано се очекува поголема раздвиженост на лица и возила, Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните, посебно до возачите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да избегнат поголеми задржувања, особено во централното градско подрачје.

„Потсетуваме дека полициските службеници кои се на терен, секојдневно ќе преземаат како превентивни мерки, така и репресивни мерки со цел санкционирање на несовесните возачи.
Исто така, СВР Струмица упатува апел до сите граѓани кои планираат празниците да ги поминат надвор од нивните домови да преземат мерки со цел да го заштитат нивниот имот, да не се користат пиротехнички средства, да не консумираат алкохол пред возење или доколку консумираат алкохол да не седнуваат зад волан, возачите да ја прилагодат брзината на движење согласно поставената сообраќајна сигнализација и условите и состојбата на патот, а се со цел сите заедно да придонесеме за заедничка безбедност и претстојните празници да поминат во мирна атмосфера“, стои во апелот од СВР Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago