Connect with us

Македонија

Стартува „Новогодишната кошничка“ со која граѓаните очекуваат намалување на ценита на основните производи

Media Press

Објавено на

Почнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ со која се намалуваат цените на над 800 прехранбени производи во пресрет на новогодишните празници.

„Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат цела низа на производи како леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци и друго“, велат од Владата.

Но според она што го кажуваат граѓаните на рафтовите во маркетите состојбата е друга. Како што велат тие, пример од десетина вида на сирење цената е намален само на еден вид. Или од повеќе видови на леб само на еден до два вида е намалена цената, останатите ја имаат истата цена.  

За Новогодишната кошничка реагираат и од СДСМ.

„Мицкоски најави и новогодишна кошничка со наводно пониски цени на прехранбените производи, но по истиот модел, откако ја најави, тој им остави време на трговците да ги зголемат цените.

Очигледно е дека за новогодишните празници, кошничките на граѓаните ќе останат празни, а полни ќе бидат  само касите на трговците“, велат од партијата.

Од СДСМ прашуваат -Дали во математиката на Мицкоски постои формула како со минимална плата од 22.567 денари, дури и двајца членови од семејството да ја земаат, можат да преживеат во месецот? Со ова темпо на раст на трошоците за живот, веќе е созреана потребата од 500 евра минимална плата, за да можат граѓаните да имаат пристоен живот и да ги покријат основните месечни потреби за храна и услуги“, велат од СДСМ.

Кампањата за новогодишната потрошувачка кошничка ќе трае до 15 јануари 2025 година.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе