Радовиш

ЛАГ Плачковица потпиша договор за проект за зајакнување на капацитетите на локалната заедница за спречување на појавата на пожари

ЛАГ Плачковица потпиша договор за спроведување на проектната иницијатива „Зајакнување на капацитетите на локалните чинители за подобрена отпорност во управувањето со пожари“. Преку реализација на оваа иницијатива ЛАГ-от ќе придонесе кон унапредување на знаењата на локалните чинители, како и зголемување на свеста и подготвеноста на заедницата при спречување на појавите на шумски пожари.

Проектот ќе се спроведува во период од 18 месеци и ќе се одвива на територијата на 4-те општини ( Општина КОНЧЕ, општина Карбинци, Општина Радовиш и Општина Штип) во која ќе се спроведат активности за:

– утврдување на ризиците и критичните точки во појавата на шумски пожари,

– зајакнување на капацитетите на локалната заедница за спречување на појавата на пожари, регрутирањето на волонтери во справување со шумски пожари,

– зајакнување на капацитетите на доброволните противпожарни друштва на територијата на ЛАГ Плачковица,

– подигање на јавната свест за спречување на пожари и

– изработка на регионален план за вклучување на заедницата во преземање на превентивни мерки за намалување и спречување на појавата шумски пожари.

Оваа проектна иницијатива ќе биде финансиски поддржана од програмата е “Управување со пожари на ниво на предел” Landscape Fire Management in the Western Balkans на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC и координиран од Farmahem од Скопје, Северна Македонија со поддршка од Helvetas Swiss Intercooperation од Швајцарија.

Локалната акциона група ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА е организација која го промовира локалниот развој на руралните средини во општините Карбинци, Конче, Радовиш и Штип. Менаџер на ЛАГ Плачковица е Столе Георгиев од Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago