Радовиш

Kривични пријави против неколку лица кои извршиле бесправна сеча на дрва во радовишко

СВР Струмица – ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.С.(43), Г.С.(50), И.С.(45) и Ј.Г.(74), сите од село Дукатино, струмичко, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 4 од Кривичниот законик. На 28.11.2024 на место викано „Сука“ во општина Радовиш, пријавените извршиле бесправна сеча на 113 дабови стебла, по што ги натовариле на трактор и заминале од местото со намера да ги продадат на друго лице.
Притоа, биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Радовиш и Шумска полиција Радовиш, по што биле лишени од слобода, а тракторот со приколката натоварена со дрвата и две моторни пили им биле одземени.

СВР Струмица – ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.С.(58) и Т.К.(29), двајцата од село Горни Липовиќ, општина Конче, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик. На 28.11.2024 на место викано „Ушковица“ во општина Радовиш, пријавените извршиле бесправна сеча на 44 стебла, по што ги натовариле на трактор и заминале од местото со намера да ги продадат на друго лице.
Притоа, биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Радовиш и Шумска полиција Радовиш, по што биле лишени од слобода, а тракторот со приколката натоварена со дрвата и моторни пила им биле одземени.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago