Македонија
Започна откупот на тутунот, со просечна цена од 374,30 денари за килограм
Објавено на
Од
Media Press
Согласно последните податоците досега се откупени 1.400.000,00 килограми тутун со просечна цена од 374,30 денари, и истиот е исплатен некаде околу 45% на земјоделците. Ова го констатира министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при посетата на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Трипуновски вели иако до законскиот рок од 15 – ти декември за започнување на откупот на тутунот остануваат уште десетина дена сепак дел од тутунарите го имаат продадено својот род.
„Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес и тутунарите не треба да бидат загрижени, бидејќи оваа година ќе имаме поголем просек на откупна цена во однос на претходната година, рече Трипуновски.
Договореното производство на тутун во 2024 година е приближно со иста количина како и договореното производство од реколта 2023 година и се движи околу 26.400 тони, а површините се движат околу 13.000 ха. Бројот на склучени договори е намален за 664 или околу 2%, а бројот на земјоделски стопанства е намален за 756 или околу 4% во споредба со реколта 2023 година.
Поврзани содржини

Став на Националната земјоделска мрежа по повод изгласаната доверба на министерот за земјоделство

Собранието не ја изгласа интерпелацијата на Трипуновски, ЗА гласаа само 21 пратеник
Средствата од ИПАРД програма повторно ставени на располагање на земјоделците

Трипуновски: Ограничена маржа на цената на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

Во општина Радовиш се одржа четвртата трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”

Трипуновски: Со новата Програма воведуваме ред и правична распределба на субвенциите

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

