Василево

Асфалтирана улицата покрај Домот на културата во Василево

Општина Василево,  во населеното место Василево ја  асфалтираше  улицата која води покрај Домот на културата. Градоначалникот Славе Андонов, кој на лице место ги следеше активностите, вели дека овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од Василево и дека се обновува после 30 години.

  „Прв пат после 30 години, се асфалтира патот покрај Културниот дом во Василево. На овој дел од Василево, претходно беше изградена фекална канализација, со што се пристапи кон системско решавање на инфраструктурата . Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Овој локален пат е од витално значење за секојдневното живеење на граѓаните од Василево“
За изградбата на оваа улица чија должина изнесува 680 метри, а  ширина 5 метри средствата во висина од 5 .134. 040 денари се обезбедени од општинската каса. На асфалтирањето му претходеше поставување на систем за фекална канализација, кој според најавите на Градоначалникот набрзо ќе го има целото населено место Василево.


„Целото населеното место Василево ќе добие фекална канализација и асфалтирани улици. Централното подрачје на општина Василево, заслужува да има уредена инфраструктура. Ветеното го реализираме“, стои во ФБ објавата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago