Василево

Општина Василево продолжува со активности за подобрување на локалната патна инфраструктура

Општина Василево деновиве спроведува активности за подобрување на локалната патна инфраструктура. Станува збор за две локации и тоа во населеното место Василево каде што е тампонирана улицата во т.н Шикидајска маала и во реонот на Брана Турија каде се извршени активности на пробивање и рамнење на патот до Висока Маала.
Информација за овие активности ја сподели градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, кој и на лице место следеше дел од активностите.
„Се изврши тампонирање на улица во Шикидајската маала во Василево. Се извршија активности за пробивање и рамнење на патот од Висока Маала до Брана Турија“, напиша Андонов.
Во наредниот период, во континуитет  општина Василево продолжува со планираните активности во делот на локалната патна инфраструктура.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago