Одржани КАРАМАНОВИТЕ ПОЕТСКИ СРЕДБИ -2024, доделена интернационалната награда „Ацо Караманов“
Одржани 51 Караманови поетски средби во Радовиш на
кои беа доделни и наградите за најдобрите книги. Интернационалната награда за
поезија„Ацо Караманов“ за 2024 е доделена на Олга Панкина од Русија, за книгата
„Меѓусебна потрага“.
Наградата
„Караманов“ за 2024 за најдобра книга од македонски автор ја доби Ирена Павлова Де Одорико, за
поетскиот ракопис „Новоженство“. 51 -те Караманови средби свечено беа отворени во Петокот, во Музеј на љубовта и уметноста.
Специјална
награда „Караманов“ 2024 за поетскиот ракопис „Пристоен предлог и други песни“ беше
доделена на Тихомир
Јанчовски.
Карамановите поетски средби се одржаа во организација на центарот за култура Ацо Караманов, а под покровителство на Општина Радовиш и во соработка со ОНБ Браќа Миладиновци.Истите ги отвори секретарот во Општина Радовиш Љупче Почивалец.
Свои настапи имаа поетите учесници и гости на 51 Караманови поетски средби заедно со роднокрајните автори од Радовиш. Беседа за Ацо Караманов, дневнични записи, читаа учениците Роман Јованов, Ана Ѓеоргиевска и Тамара Лазарова, од СОУ Коста Сусинов, Радовиш, со ментор Кате Диманова Јованова.
Крамановите средби продолжија и во Сабота 16 Ноември во ОНБ Браќа Миладиновци, Радовиш.Од страна на проф.д-р Даниела Андоновска-Трајковска промовирана беше: Наградената книга од странски автор, а тоа е книгата ,,Меѓусебната потрага” од руската поетеса Олга Панкина. Најдобрата книга од домашен автор под наслов ,,Новоженство” од поетесата Ирена Павлова Де Одорико, ја промовираше авторот Борче Панов.