Connect with us

Здравје

Пет причини зошто треба да јадеме кисела зелка: Сигурно ќе ве натераат да ја засакате уште повеќе.

Media Press

Објавено на

Киселата зелка има многу придобивки кога е здравјето во прашање, а ние ги издвојуваме 5-те најважни кои сигурно ќе ве натераат почесто да ја јадете

Киселата зелка е храна за која се верува дека е откриена во Кина пред 2.000 години. Процесот на ферментација резултира со раст на корисни пробиотски бактерии, што го прави исклучително здрава храна. Обидете се да набавите домашен производ, но доколку не сте во можност, при купување изберете зелка која не е пастеризирана, за да не се уништат споменатите корисни бактерии. Киселата зелка е незаменлива зимска храна за многумина благодарение на нејзините здравствени придобивки. 

1. Извор е на корисни хранливи материи

Киселата зелка е добар извор на влакна, витамини и минерали. Ферментираните производи полесно се вари: ензимите од кисела зелка му помагаат на телото да ја разгради храната на помали, полесно сварливи молекули. На овој начин ќе се апсорбираат повеќе хранливи материи, што позитивно ќе влијае на енергијата и виталноста, пренесува BBC Good Food.

2. Може да го зајакне имунитетот

Повеќето од имунолошките клетки на телото се наоѓаат во цревата, поради што се сметаат за центар на имунолошкиот систем. Супстанциите во кисела зелка можат да помогнат во одржувањето на здрав дигестивен тракт, како и да ги стимулираат постоечките антитела за борба против штетните материи. На овој начин се намалува ризикот од инфекција. Покрај тоа што содржи корисни бактерии и служи како природен пробиотик, киселата зелка е добар извор на витамин Ц и железо, хранливи материи познати по нивните позитивни ефекти врз имунитетот и здравјето.

3. Влијае на здравјето на срцето

Киселата зелка може да биде корисна за балансирање на нивото на холестерол благодарение на високата содржина на влакна и пробиотски бактерии. Исто така е добар извор на калиум, кој може да помогне во намалување на крвниот притисок. Витаминот К2, кој се наоѓа во оваа храна, може да спречи таложење на калциум во артериите и на тој начин да делува превентивно на артериосклероза и проблеми со срцето.

4. Може да го подобри расположението

Ферментираната храна, повторно преку цревата, може позитивно да влијае на расположението. Одредени видови на пробиотски бактерии (вклучувајќи Lactobacillis helveticus и Bifidobacteria longum) кои се наоѓаат во кисела зелка можат да ја ублажат нервозата. Во цревата се создава поздрава рамнотежа, а одредени масни киселини поволно делуваат на воспалителните процеси во организмот. Оваа храна содржи и магнезиум и цинк, микронутриенти кои ја балансираат состојбата на цревата и со тоа позитивно влијаат на расположението.

5. Помага при вишок килограми

Како и повеќето салати, киселата зелка нема многу калории и е идеална ако сакате нешто да грицкате дури и кога сте на диета. Во 100 грама од оваа моќна храна има само околу 20 калории, кои можете многу брзо да ги искористите. Исто така, киселоста може да помогне во разградувањето на маснотиите по обилен оброк и затоа не случајно на празничната трпеза често се служи кисела зелка со специјалитети од месо.

Дали киселата зелка е безбедна за секого?

Оваа салата се препорачува за повеќето луѓе, но поради високата содржина на хистамин (биохемиска супстанција несоодветна за функционирање на бројни органи), луѓето со алергија на оваа супстанца може да доживеат несакани ефекти по конзумирање на кисела зелка. Оваа храна може да содржи и високо ниво на тирамин, па пациентите кои земаат терапија како што се инхибитори на моноамин оксидаза (МАО инхибитори) треба да бидат внимателни кога ја воведуваат во нивната исхрана. Покрај тоа, на луѓето кои боледуваат од хронични заболувања им се препорачува да се консултираат со лекар пред да ја консумираат оваа храна.

Кога сами киселите зелка, обидете се да користите стерилни садови и следете проверен рецепт. Обрнете особено внимание на времето и температурата на ферментација, како и на количината на сол. Ако, сепак, ја пресолете зелката, не очајувајте, постојат трикови кои можат да ви помогнат да го постигнете вистинскиот вкус! 

прикажи повеќе

Здравје

Предупредувачки знаци на заборавеност

Media Press

Published

на

Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост

Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Слика генерирана од AI

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.

Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.

Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.

Прочитај повеќе

Здравје

ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО

Media Press

Published

на

Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.

Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.

Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)

  • Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
  • Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.

2. Поддршка на дигестивниот систем

  • Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
  • Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).

3. Лесна активност без замарање

  • За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.

Дали 100 чекори се доволни?

Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:

  • 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
  • Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.

Прочитај повеќе

Здравје

Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак

Media Press

Published

на

Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?

Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.

Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.

Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.

– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.

Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.

Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.

Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.

Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.

На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.

Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.

Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.

Извор: https://denar.mk/42373

Прочитај повеќе