Радовиш

Започна реконструкцијата на Спортската сала „25-ти Мај“, Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во посета на Општина Радовиш

Започна реконструкцијата на Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш еден од капиталните проекти на Министерството за спорт. За таа цел денеска во посета на Радовиш беше министерот Борко Ристовски кој рече дека за целосна реконструкција на салата во Радовиш се издвоени околу 20 милиони денари од сржавниот Буџет.

„Како министер за спорт, ми е чест да видам дека со заеднички сили и посветеност, успеваме да ги создадеме потребните услови за нашите спортисти и граѓани. Реконструкцијата на оваа спортска сала претставува не само капитален проект, туку и основа за развој на нови спортски генерации, зголемување на спортското учество, како и можност за промоција на здрав начин на живот кај младите. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на Радовиш, господинот Ацо Ристов, за неговата целосна поддршка и посветеност кон овој проект, како и на сите кои се дел од процесот на реализација“ – истакна Министерот Борко Ристовски при денешната посета на Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност за поддршката на Министерството за спорт за реконструкција на Спортската сала во Радовиш каде се случувале и ќе се случуваат големи спортски манифестации. Реконструкцијата се очекува да заврши за околу еден месец.

„Се продолжува со посветеност за иднината на нашите сограѓани – за посилна и здрава младина, за посветена поддршка на спортот и на младите, кои се нашата гордост и наша иднина, каде што денеска започнуваме со реконструкција на Спортската сала која и беше потребна многу порано. Сакам да истакнам благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски кои дадоа поддршка за овој проект, и веќе спортистите од следната година ќе тренираат и одржуваат натпревари во рекоструиран објект – истакна Градоначалникот Ристов.

Инаку спротската сала „25 Мај’ во Радовиш која е со капацитатет од околу 2000 седишта, е отворена во 1985 година и ова е прва поголема реконструкција. Целосно ке бидат обновени седиштата и ќе добие нов професионален под како што доликува на една ваква спортска сала во која некогаш се одигрувале шампионски натпревари со кои Радовиш се гордеел.

Со оваа инвестиција од 20 милиони денари треба да се врати сјајот на салата и ќе се поттикат уште повеќе спортски настани во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago