Објвена програмата за 51 Караманови поетски средби кои ќе се одржат на 15 и 16 Ноември во Радовиш
Во организација на центарот за култура Ацо Караманов, а
под покровителство на Општина Радовиш и во соработка со ОНБ Браќа Миладиновци, ќе
се одржат 51 Караманови поетски средби во Радовиш.
Центарот за култура Ацо Караманов како организатор, ја објави програмата која изобилува
со богати културни содржини во чест на младиот гениј Ацо Караманов – поет и борец
за слободата.
51 -те Караманови средби свечено
ќе бидат отворени во Петок на 15 Ноември со почеток во 18 часот, во Музеј на љубовта и уметноста, со беседа за Ацо Караманов,
дневнични записи, со учениците Роман Јованов, Ана Ѓеоргиевска и Тамара
Лазарова, од СОУ Коста Сусинов, Радовиш, ментор Кате Диманова Јованова.
Потоа ќе следува доделување на интернационалната награда
за поезија„Ацо Караманов“ за 2024 на Олга Панкина од Русија, за книгата „Меѓусебна
потрага“.
Доделување на наградата „Караманов“ за 2024 за најдобра
книга од македонски автор Ирена Павлова Де Одорико, за поетскиот ракопис „Новоженство“.
Доделување на Специјална награда „Караманов“ 2024 за
поетскиот ракопис „Пристоен предлог и други песни“ на Тихомир Јанчовски.
На крајот ќе следува настап на поетите учесници и гости на
51 Караманови поетски средби заедно со роднокрајните поети од Радовиш.
Крамановите средби продолжуваат и во Сабота 16 Ноември со
почеток во 11 часот во ОНБ Браќа Миладиновци, Радовиш, со промоција на
наградената книга „Меѓусебна потрага“ од Олга Панкина од Русија.
Исто така ќе биде промовирана и книгата „Новоженство“ од македонски
автор Ирена Павлова Де Одорико. Промотор ќе биде поетот Борче Панов.
Инаку
чествувањето на Ацо
Караманов започна со полагање на свежо цвеќе од страна на делегации од општина Радовиш и општина Берово на спомен обележјето
на Ацо Караманов близу селото Смојмирово како место на неговата херојска смрт.
Чествувањето беше реализирано во организација на Центар за култура „Ацо
Караманов“, а во соработка помеѓу општина Радовиш и општина Берово, а беше
приредена и богата програма од страна на учесници од општинските училишта од
Радовиш.
Исто така минатата година на фасадата од Центарот за култура „Ацо Караманов“ осамнаа и визионерските стихови на Ацо Караманов изработени во месинг –„Ние и кога умираме треба да пееме“.