Радовиш
Започна реконструкцијата на Спортската сала „25-ти Мај“, Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во посета на Општина Радовиш
Објавено на
Од
Media PressЗапочна реконструкцијата на Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш еден од капиталните проекти на Министерството за спорт. За таа цел денеска во посета на Радовиш беше министерот Борко Ристовски кој рече дека за целосна реконструкција на салата во Радовиш се издвоени околу 20 милиони денари од сржавниот Буџет.
„Како министер за спорт, ми е чест да видам дека со заеднички сили и посветеност, успеваме да ги создадеме потребните услови за нашите спортисти и граѓани. Реконструкцијата на оваа спортска сала претставува не само капитален проект, туку и основа за развој на нови спортски генерации, зголемување на спортското учество, како и можност за промоција на здрав начин на живот кај младите. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на Радовиш, господинот Ацо Ристов, за неговата целосна поддршка и посветеност кон овој проект, како и на сите кои се дел од процесот на реализација“ – истакна Министерот Борко Ристовски при денешната посета на Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност за поддршката на Министерството за спорт за реконструкција на Спортската сала во Радовиш каде се случувале и ќе се случуваат големи спортски манифестации. Реконструкцијата се очекува да заврши за околу еден месец.
„Се продолжува со посветеност за иднината на нашите сограѓани – за посилна и здрава младина, за посветена поддршка на спортот и на младите, кои се нашата гордост и наша иднина, каде што денеска започнуваме со реконструкција на Спортската сала која и беше потребна многу порано. Сакам да истакнам благодарност до Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски кои дадоа поддршка за овој проект, и веќе спортистите од следната година ќе тренираат и одржуваат натпревари во рекоструиран објект – истакна Градоначалникот Ристов.

Инаку спротската сала „25 Мај’ во Радовиш која е со капацитатет од околу 2000 седишта, е отворена во 1985 година и ова е прва поголема реконструкција. Целосно ке бидат обновени седиштата и ќе добие нов професионален под како што доликува на една ваква спортска сала во која некогаш се одигрувале шампионски натпревари со кои Радовиш се гордеел.
Со оваа инвестиција од 20 милиони денари треба да се врати сјајот на салата и ќе се поттикат уште повеќе спортски настани во Радовиш.


Поврзани содржини

Радовиш беше домаќин на финалниот натпревар од Купот на Македонија во Футсал

Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“ во Радовиш, после 40 години од изградбата

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски утре во посета на Радовиш

Целосна реконструкција на најпрометните улици во Радовиш

Спортската сала во Радовиш доби нов ЛЕД екран, за повеќе намени

Новогодишен Саем во спортската сала СРЦ “25 Мај” -Радовиш
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



