Василево

Се одржа манифестацијата Ден на празот во Градашорци, Општина Василево

Вчера, во село Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, се одржа манифестацијата Ден на празот. Бројни посетители од  државата и надвор од неа, уживаа во содржините на манифестацијата, која одамна е бренд на општина Василево.  Бројните специјалитети подготвени од вредните домаќинки преку кои се промовира градoшорскиот праз беа причина плус посетителите да си купат од богатата понуда на најубавиот праз  од локалните производители.


Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, како домаќин на манифестацијата ги поздрави присутните и ја нагласи важноста на оваа манифестација која е  бренд на општина Василево, за сплотеноста и заедништвото на народот.


Присутен на манифестацијата беше и премиерот Христијан Мицковски и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кој од името на МЗШВ вети поддршка на Манифестацијата и во наредните години.  Гости на манифестацијата беа и  пратеници,  градоначалници, стопанственици и други пријатели на општина Василево.


Во културно забавниот дел на манифестацијата со свои настапи учествуваа учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево, КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица како и Игор Димовски со пауза за ракија кои придонесоа за  убавата атмосфера и веселото расположение на присутните.
За атмосферата на Манифестацијата со статус на својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, се огласи и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов:

„Денот на празот” е најдобрата и најпосетена манифестација од овој вид!
Рекордот е срушен! Денес се одржа најпосетената манифестација „Денот на празот” во Градошорци. Со мојот тим покажавме дека општина Василево може да организира големи настани . Речено, сторено. Она што неколку години беше желба се претвори во реалност, ја вративме манифестацијата „Денот на празот” во полн сјај“ вели градоначалникот Андонов во својата објава.

  „Огромна благодарност до сите оние кои придонесоа за манифестацијата посебно за финансиската подршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Организациониот тим кој неуморно работеше за сето ова да се случи, вредните домаќинки и сите спонзори кои со својот придонес овозможија успешна реализација“, напиша Градоначалникот Андонов.
На манифестацијата беа доделени и признанија и награди за најуспешните производители на праз за 2024 година.  Ванчо Пандев, Блажо Илиев, Оливер Глигоров, Ванчо Илиев, Роберт Глигоров, Ахмет Демов, Јусуф Мустафов и Ерол Демов, сите од Градашорци беа најуспешните производители на праз оваа година на кои претседателот на Советот на општина Василево Ристо Делијанов им ги додели признанијата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago