Тројцата градоначалници од помалите опшини од Југоисточниот региона Василево, Ново Село и Босилово, вчера ги потпишаа договорите во Владата, за реализација на капитални инфраструктурни проекти.
Со средства од Владата општина Василево ќе гради канализација во с. Василево.
Вчера,
градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, го потпиша Договорот
со Владата со кој за општина Василево обезбеди средства со кои ќе се гради
канализација во населеното место Василево. Средствата се добиени врз основа на
Јавниот повик распишан од Владата за доделување пари на општините за
реализација на инфраструктурни капитални проекти за развој на општините.
Градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов го потпиша договорот за реализација на Изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево – фаза 1.
-Изјавувам
благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски за поддршката на општините која
беше оддамна потребна и неопходна, вели Божинов.
Градоначалникот
на општина Босилово, Ристо Манчев вчера во Владата го потпиша договорот за изградба на фекална
канализација во Моноспитово (прва фаза) и договорот за реконструкција на улица
(локален пат) од центарот на Турново кон Иловица во должина од 1000 метри.
Во Владата беа
потпишани договори со општините за реализација на 274 проекти во делот на
образованието, транспортот, социјалната политика, културата и туризмот,
животната средина и во спортот во вредност од 4,1 милијарда денари.