Connect with us

Македонија

Левица: Измамата ,,Конти” е повик за будење на нашето општество, граѓаните се почесто се мета на фонансиски измами

Media Press

Објавено на

Граѓаните се почесто се мета на финансиски измами, државата не успева да ги заштити. Колапсот на инвестициската шема на „КОНТИ“ е потсетник за опасностите од неконтролираниот капитализам и потребата од посилни регулативи за заштита на обичните луѓе од финансиските измамници, реагира политичката партија Левица.

„Како партија сме згрозени од извештаите за широкораспространетите финансиски загуби што ги претрпеле невини поединци кои биле измамени со ветувања за високи приноси и лесно збогатување. ,,Конти” е симптом на поширока болест – финансиски систем кој дава приоритет на профитот пред луѓето и ги наградува непромислените шпекулации пред одговорните инвестиции. Тоа е систем кој е наместен против мнозинството и систем кој мора фундаментално да го трансформираме, ако сакаме да изградиме праведно и рамноправно општество за сите. Левица остро го осудува овој ,,финансиски колапс” и веќе работи на програмски (законски) решенија со кои ќе ги минимизира ваквите работи да се случуваат во иднина.

Измамата ,,Конти” е повик за будење на нашето општество – внимателно да го погледне финансискиот систем и да бара промени! Бараме Владата и финансиската полиција да преземат итни мерки за: – да се истражат и гонат одговорните за измамата ,,Конти” и да се погрижат да одговараат за своите постапки;- да се ​​зајакнат позитивните законски регулативи за да се спречат слични измами да се случуваат во иднина; – да се промовираат програми за финансиско образование и да се поттикнат обичните луѓе да донесуваат правилни информирани одлуки за нивните финансиски средства!“ стои во објавата од Левица.

Преземено од: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Инаку Conti e платформа (апликација) која на корисниците им нуди заработка преку гледање видеа. 

Преку апликацијата која функционира околу една година, се заработуваа високи суми, но од вчера многу македонски граѓани се жалат дека се излажани и ги изгубиле парите.

Групата на „Телеграм“ која има околу 14.000 македонски членови, почнува да згаснува, а корисниците повеќе немаат приливи на Бајненс платформата за тргување со криптовалути.

На оваа платформа „кликаа“ и голем број радовишани, како што се зборува меѓу граѓаните.

А како функционираше Conti: Како и во секоја пирамидална шема, граѓаните беа мотивирани да регрутираат нивни пријатели на апликацијата, за што добиваа бонус во зависност од пакетот кој ќе го купат регрутираните пријатели, плус процент од нивната идна заработка.

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе