Василево

Се пдобруват условите за поголема јавна хигиена во Општина Василево, набавени нови контењери

Општина Василево преку Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди контејнери за отпад, кои ЈПКД Турија ќе ги вклучи во системот на организирано собирање на смет. Според информацијата од ЈПКД „Турија“, се работи за вкупно 19 контејнери  од 1100 литри  и ќе бидат поставени на јавните површини на локации  за кои се покажало дека има најголема потреба како и во индустриската зона во Василево.
Од ЈПКД „Турија“, Василево  апелираат до граѓаните на разумно користење на контејнерите односно во истите да не фрлаат тешки предмети и  запаливи материјали, особено пепел поради можноста од остатоци од жар кои би ги опожариле контејнерите кои се изработени од пластика.
Информацијата за новообезбедените контејнери, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  ја сподели и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој посебно нагласи дека грижата за животната средина е обврска на сите граѓани. „Општина Василево доби контејнери, кои ќе бидат распоредени на соодветни локации низ населените места.  Со цел подобрување на системот за собирање на отпадот, добивме контејнери преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Контејнерите ќе бидат поставени низ населените места на соодветни локации. Грижата за животната средина е наша обврска“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago