Македонија

Левица:Предлог – Закони за основно и средно образование: ПРИВИЛЕГИИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ – РЕПРЕСИИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

Плотичката партија Левица го критикува Предлог Законот за Основно и средно обарзаование со кој како што велат се предвидува зголемување на платите на директорите до 35% односно до 45 %.

„На чекор од влегување во собраниска процедура се најавените измени во Законот за основно образование и донесување на нов Закон за средно образование. Во двата закона се предвидени истите промени:

Селективно покачување на платите, единствено – за директорите на училиштата:

Односно, со предлог измените се врши покачувањето на платите, единствено, на директорите – до 35% во основното, односно до 45% во средното образование.

Ова Владата го користи како алатка за задушување на незадоволството кај наставниците поради ниските плати, односно, да го зголемат мотивот кај директорите за вршење пресија, со цел да биде загушено оправданото незадоволство на наставниците.

Императивна промена на статусот на наставници во образовни асистенти:

Оваa законска измена ù овозможува на власта да ги „решава неподобните“, односно, се овозможува наставниците да бидат деградирани во образовни асистенти. Оттука, кај наставниците се појавува оправдан страв, дека ова е алатка на партизираното образование да се ослободи од т.н. вишоци и голем број на наставници, кои немаат договори на неопределено, легално да се преквалификуваат во асистенти, а потоа непречено, преку непродолжувањето на договорите бидат оставени без работа.

За жал, гледаме како власта со овие нацрт-закони не нуди никакви суштински промени, а најмалку нудат решавање на горливите проблеми на наставниците. Напротив, образовниот систем се користи за порамнување со своите партиски активисти, додека за сметка на ова, се наговестува ново продлабочување на проблемите на смислено разрушениот образовен систем.

Оттука, #Левица се залага за целосна реформа во образовниот систем. Наставниците не смеат да бидат алатка за политичко поткусурување на власта. Државата е должна да обезбеди достоинствен живот за наставниците и да го врати угледот на оваа професија.

Покачувањето на платите на директорите, од една страна, и можноста – деградација на наставниците без право на жалба, од друга страна, само ги продлабочува разликите во статус помеѓу просветните работници и јазот помеѓу оние коишто најмногу работат и оние коишто ги уживаат привилегиите на професијата“ стои во објавата од Левица.

Линк до објава: https://www.facebook.com/PartijaLevica

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago