Радовиш

78 точки на дневен ред на денешната 53-та седница на Советот на општина Радовиш

Советниците во Советот на Општина Радовиш на денешната седница имаа можност да разгледуваат и дебатираат за голем број на Предлог-програми и Предлог-одлуки.

На почетокот беа поставени повеќе советнички прашања на кои одговор даде Градоначалникот Ацо Ристов. На оваа седница се разгледаа и голем број на Предлог-одлуки за вклопување на бесправни објекти во плански опфат во идна урбанистичко планска документација.

На денешната седница беше усвоена и предлог одлуката за финасиски дел  од Програмата за САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2024 година при што советниците имаа одредени забелешки околу изборот на Здружението кое ќе биде организатор на манифестацијата и околу програмата. Советникот Панче Николов со прашање, зошто е избрано здружение од Струмица и зошто Јордан Митев е изоставен од програмата во музичкиот дел, како наш радовишки естраден уметник.

Секретарот Љупче Почивалец појасни дека струмичкото здружение било единственото што се пријавило на јавниот повик кој го објавиле, за избор на организатор на манифестацијата Самун ем татлија, а за ангажирањето  на Јордан рече дека ќе разговара со организаторот дали може да се фклучи во програмата и Јордан Митев.  

На седницата повторно беше дискутирано и за финасиската состојба на ЈП Плаваја, Радовиш. Советникот Панче Николов повторно го критикуваше проектот Зонско Паркирање, со кој рече дека не се постигнало никаков ефект, туку го доведува Јавното претпријатие во загуба и ги изложува граѓаните на дополнителни давачки.

Градоначалникот Ацо Ристов рече дека поголемиот дел од загубата на ЈП Плаваја, односно околу 5 милиони денари е од оделот Хигиена, а само 1 милион и 800 илјади денари е од Паркинзи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago