Во рамки на „Европската недела на мобилност“ вчера во основните и средното училиште во Општина Радовиш, во секое оделение беше прочитано поздравното писмо од Градоначалникот Ацо Ристов.
Исто така продолжува и програмата за одбележување на „Европската недела на мобилност“.
Така за денеска 19.09.2024 – Четврток 08:00 – 16:00 час. е предвидено поставување на нови велосипедски станици и вертикална сигнализација за истите на предвидени локации и бележење на постоечки велосипедски станици низ Радовиш и Конче. Поставување на “Парклети“ на утврдени локации во Радовиш и Конче19:00 час. Настан “Glow Bike” РАДОВИШ- Одржување на ноќно дефиле со велосипеди, скејтборди и ролери обележани со светла, лед диоди и флуо стапчиња, поддржано од “СОФТ СКИЛС” *Тргнувањето ќе биде од парк на млади преку шеталиштето и ул.22ри Октомври до бул.А.македонски, се до раскрсницата кај Македноски Шуми, полукружно до кружниот тек и свртување на ул. 22ри Октомври кон Центарот за култура и завршува пред просториите на НЕКСУС.
20.09.2024 – Петок10:00 час. Велосипедско дефиле по ул.22 Октомври, бул. Александар Македонски, кеј 8ми Септември и ул.Илинденска, Поаѓање: Bike Center – EcoMomentuM, крајна дестинација: Плоштад Св.Спасо Радовишки;- Поздравен говор на претставници од општините Радовиш и Конче- Поздравен говор на претставник од USAID- Промоција на Проект „ЕКО МОМЕНТУМ“- Забавна програма на Плоштад „Св.Спасо Радовишки“.
21.09.2024 – Сабота10:00 час. Велосипедски рекреативен маратон “Maraton EcoMomentuM” патека од 87кмОние кој нема да се во можност да го завршат целиот круг од 87км ќе имаат можност на 38миот километар да се свртат на ул. „Маршал Тито“ и да дојдат до просториите на Nexus, со што ќе имаат 40км возење. Доделување на благодарници пред креативниот центар на заедницата „Nexus“.
22.09.2024 – Недела (Ден без автомобили)10:00 час. Еколошка акција на градски парк Чам баир од страна на млади волонтери од фудбалскиот клуб Детонит – Плачковица, Ракометарскиот клуб РК Радовиш и ЦПЛИП “Порака” Радовиш19:00 час. Шетање по старото корзо (тикето) во Радовиш во рамките на денот без автомобили на релација Парк на млади – Св.Спасо Радовишки до поранешен ресторан “ЗИК Радовиш“ и назад20:00 час. Кафе средба – Кафе бар МоментуМ.