Василево

Заедничка активност на граѓаните од Радичево и Дукатино со локалната власт

Жителите на населените места Радичево и Дукатино, заедно со  ЈПКД “Турија“ од Василево, а во соработка и координација на општина Василево, вчера во своите населени места  реализираа  активности од областа на комуналната сфера.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој следеше дел од активностите, конкретно расчистувањето од грмушки и вегетација на патот што ги поврзува двете населени места, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, го потенцираше значењето на ваквите акции  каде особено важна е соработката на локалната заедница со институциите и нивната вклученост која несомнено дава најдобри резултати.


„Жителите на Дукатино и Радичево се сложни и организирани. Заедно сите со механизација од ЈПКД Турија организираа акција за решавање на повеќе проблеми што го мачеа месното население повеќе години. Жителите на Дукатино и Радичево покажаа дека заедно и во соработка со локалната самоуправа можат да решат повеќегодишни проблеми“, стои во информацијата на градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago