Конче
Градоначалникот на Општина Конче со демант на изнесените „клевети“ како што вели, против него како градоначалник
Објавено на
Од
Media Press
Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов испровоциран од објавите на социјалните мрежи со кои како што самиот вели го клеветат и го нарушуват неговиот интегритет, со објава на неговиот ФБ профил ја појаснува целата ситуација, СО ЦЕЛ ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ЗНААТ ВИСТИНАТА.
„Почитувани граѓани ! Во изминатите неколку дена од неколку електронски медиуми и одредени лица од СДСМ, беа изнесени неколку клевети против мене како градоначалник на Општина КОНЧЕ . Имено станува збор за Партерно уредување на автобуска постојка и припрема за поставување на метална конструкција за стојалиште” со оглас бр.03664/2024 . Но никаде не е предвидена и наплатена ,,Автобуска Постројка” како што тие ја објавуват по социјалните медиуми !!! вели градоначалникот Ристов во демантот на својот ФБ профил, притоа објавувајќи и слики од како што вели „нивните објави“:
„Бидејки сметам дека со изречените Клевети против мене како градоначалник на Општина КОНЧЕ ми е нанесено голема штета на угледот и чест, барам во рок од осум дена лицето Серхан Нанушев од Конче и електронскиот медиум INFOMAX.mk јавно преку социјалните медиуми да ми се извинат !
Доколку не го сторат тоа во предвидениот рок, јас и сопственикот на ГП Техника ќе поднесеме Тужба за Клевета“, вели градоначалникот Ристов.
Градоначалникот притоа во коментар ја појаснува целата постапка за реализација на овој проект.
„Согласно годишен план за јавни набавки во општина Конче на ден 14.02.2024 год. од страна на општина Конче беше распишана набавка од мала вредност со оглас бр.02385/2024 со проценета вредност од 534 818 ,00 денари , каде имавме една понуда со вредност од 865 486,50 ден., ДДВ 155 787,57 ден. и вкупна вредност од 1 021 274 ,07 ден. Истата набавка беше поништена со одлука за поништување на постапката бр.02385/2024 , заради тоа што понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот. По извесно време на 28.02.2024 год. со оглас 03664/2024 се распиша нова јавна набавка од мала вредност за проект “Партерно уредување на автобуска постројка и припрема за поставување на метална конструкција за стојалиште” со оглас бр.03664/2024 , каде се добиени 4 понуди и по спроведена е-аукција е прифатена понудата на ДПГТ Техника ДООЕЛ –Радовиш за најповолна со вредност од 399 021,00 ден.,пресметан ДДВ од 71 823,78 ден., односно вкупна вредност од 470 844,00 ден. со што беше донесена одлука за избор и склучен договор по истата набавка.
Во прилог на прикачен договор на ЕСЈН се доставува корегирана понуда од економскиот оператор каде може да се видаат сите позиции предвидени по спецификација кои треба да се сработат. Од таму може да се види дека се работи за реализација на основен проект со предвидени фази за изградба за горен строј преку набавка ,транспорт и вградување на тампонски слој со планирање , поставување на бетонски рабници , подлога од песок , вградување на бехатон плочки со д=6 см. и вградување на бетон со одредена количина.Во одводнувањето – пропуст ф 400 , се изработени покрај машинскиот ископ на земја , се поставени бетонски цевки, бетонирање на горна плоча, вклучувајќи спремање и монтажа на ребраста арматура и заштита со хидроизолација над горна плоча.Оваа го презентираме заради тоа што во обвинувањето односно на социјалните мрежи се дава сосема друга слика дека се поставува метална конструкција која се наплаќа по дадената вредност од договорот. Овие шпекулации и испревртени информации нема да не запрат во Нашите намери за рационално искористување на секој денар од буџетот на општината по планирани програми и цели за подобрување на условите за живот на граѓаните од општина Конче“ додава Ристов во својот коментар на социјалните мрежи.

Поврзани содржини

Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка

Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации

Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против физичко и правно лице за фалсификување документи при продажба на дрва

ДЗС: Отстранети неексплодирани артилериски гранати во Општина Конче

Општина Конче реализира набавката на камион -кипер со дополнителна опрема за чистење на снег преку ,,Форум на заедницата”
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!





