Радовиш

ЈП Плаваја – Радовиш, бара алтернативни решенија за квалитетно водоснабдување

Во изминатиот период се соочувавме и сеуште се соочуваме со континуиран недостиг на вода од филтер станицата „Трска“ и подземните водозафати „Амбари“ и „Градски водовод“ заради екстремно лошите хидролошки услови и падот на подземните води, информираат од ЈП Плаваја Радовиш во однос на водоснабдувањето во општина Радовиш.

„Со цел да се зачува квалитетот на водоснабдувањето на соодветно ниво, тимот на ЈП„Плаваја“ интензивно бараше алтернативно решение за овој проблем и откако се утврдија можностите, започнавме во текот на изминатите две недели и секојдневно работевме на обезбедување на нови количини на вода, на други алтернативни и одржливи начини, за да ги дополниме количините на вода кои недостасуваат поради екстремните суши.

Извршивме инспекција на стариот цевковод ПВЦ Ф150mm во должина од околу 2000m кон населбата „Куклевица“ го дезинфициравме и перевме три пати бидејќи не беше во функција 5 години.

Откако го оспособивме цевководот во текот на минатиот викенд работевме на поставување на нова пумпна станица паралелно со постоечката за населбата „Куклевица“ и Раклиш со што успеавме да обезбедиме 15-17 литри во секунда преку стариот цевковод, што ќе се овозможи континуирано полнење на резервоарот „Полигон“ и постојано водоснабдување на наведеното подрачје.

Како последица од изградбата на новата пумна станица неминовно се очекуваше да се појави недостаток на вода од бунарското поле „Воиславци“ и за да ги задоволиме потребите осопособивме два бунари (дезинфицирани и тестирани во празен 72 часа) од кои немаше потреба во изминатиот петгодишен период затоа што беа задоволени потребите за црпна вода на ПС„Куклевица“ и ПС„Индустриски водовод“.

Вградивме две нови пумпи и со автоматика (од „ладна“ резерва) со што обезбедивме потребни количини вода во собирниот резервоар за да може да работат сите инсталирани потисни пумпни агрегати.

Од денес работиме со зголемен капацитет кон резервоарот „Полигон“.

Но и покрај ова тимот во ЈП„Плаваја“ не престанува да бара нови количини на вода од други издани и модификации на системот со други технички решенија, за да се обезбедат потребите за вода за пиење за сите корисници, да обезбедиме континуирано водоснабдување и во вакви периоди во кои преовладува екстремно топло време и слаба хидролошка состојба.

Свесни сме дека овие зафати ќе ја зголемат потрошувачката на електрична енергија и трошоците за производството на вода за пиење по метар кубен, НО ВЕРУВАМЕ ДЕКА И ВАШАТА СВЕСТ ЌЕ ПРОРАБОТИ и дека во иднина ќе ги намалите непотребните количини на вода за разладување, наводнување на тревници, земјоделски култури и слично“ стои во информацијата од Јавното претпријатие Плаваја, од каде сите напори се насочени кон обозбедување на питка вода за секој граѓанин, поради што постојано апелираат на совесно трошење на водата, бидејќи со текот на годините и климатското затоплување се помалку ќе ја има.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago