Василево

Подготовка за асфалт на улица и делот околу фонтаната во центарот на село Сушево, Општина Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, направи увид во текот на градежните активности во населеното место Сушево, каде  тековно се работи на изведување на земјените работи и подготовката за асфалт на улицата и делот околу фонтаната во центарот на селото, планирани со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2024 година.


„Уште еден проект за доброто на граѓаните. Градежни активности на улица во Сушево. Направивме увид во градежните активности на улица во Сушево која е повеќегодишно барање на граѓаните. Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Ќе се асфалтира и центарот во Сушево околу фонтаната. Уште едно мое ветување станува реалност“, вели градоначалникот Андонов по направениот увид во градежните активности во с. Сушево.
Според податоците во техничката документација, улицата е со должина од 105 метри, ширина од околу 3,2 метри односно вкупно асфалтирана површина од 345 м2 , за што од општинската каса се обезбедени 534 308 денари. Ќе се асфалтира и површината околу фонтаната, која согласно техничката документација изнесува 180 м2. Буџетот за оваа активност изнесува 257 111 денари и истите се обезбедени од општинската каса.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago