Ново Село
Од вечерва започнува Балкански Одбојкарски Шампионат на песок за мажи и жени во Ново Село
Објавено на
Од
Media Press
Општина Ново село за прв пат ќе биде домаќина на Балкански Одбојкарски Шампионат за мажи и жени (Balkan Championship U22 M&W Beach Voleyball) кој го организира во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија. Градоначалникот Ѓорѓе Божинов ги повикува граѓаните да не го пропуштаат овој несекојдневен настан.
Балканскиот шампионат во одбојка на песок започнува од денеска во 20:30 часот, а ќе трае до 11 Август во Ново Село.
Голем шампионат кој за прв пат се организира во општина Ново Село.
Ќе учествуваат екипи на Македонија, Романија, Турција, Молдавија, Косово , Грција и Босна и Херцеговина
„20:30 часот на 09.08.2024 Петок, во Ново Село во училишен двор на ООУ Мануш Турновски, не пропуштајте“, апелира градоначалникот Божинов како домачин на на овој спортски настан.
Поврзани содржини

Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино

Сообраќајна несреќа близу граничниот премин Ново Село – едно лице повредено

Божинов: Алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово со нов довод за чиста вода за пиење и покривање на пазарот во Ново Село

Градоначалникот Божинов на увид на градежните активности од проектот, пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево кој е финансиран од Владата на Македонија

Градоначалникот на Општина Ново Село изврши прием на наставници и ученици

Утре во Ново Село ќе се одржи третата по ред, Компиријада 2024
Ново Село
Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино
Published
7 месеци agoна
април 17, 2026By
Media Press
– Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов.

Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство, нагласувајќи дека: „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“.
Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена во 1870 година, претставува едно од најзначајните културни и духовни обележја во Струмичкиот Регион.

Носител на активностите е Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, во соработка со стручни лица од Националниот конзерваторски центар од Скопје.
Овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село. Министерството и во иднина ќе продолжи со континуирани вложувања во заштитата и зачувувањето на нашето вредно културно наследство за идните генерации.

Ново Село
📅 12 декември 2025 Ден на Општина Ново Село со свечено одбележување и присуство на Премиерот Христијан Мицкоски.
Published
11 месеци agoна
декември 11, 2025By
Media Press
Во петок, на 12-ти декември, општина Ново Село ќе живее во празнична атмосфера. Тоа е денот кога заедно се слави, Денот на Општина Ново Село – ден што потсетува на сите успеси и чекори напред што се направени.
Но, овој петок со уште еден голем момент. Во Колешино, пред училиште ООУ „Видое Подгорец“, ќе биде поставен камен темелник на новата спортска сала. Заедно со Премиерот Христијан Мицкоски ќе го означи почетокот на нова етапа – инвестиција што ќе им донесе на децата подобри услови за образование и спорт.
Ова не се само настани, туку симбол на иднината што се гради заедно. Затоа, Градоначалникот Ѓорѓе Божинов, вклучително и советниците, како и цела администрација во име на Општина Ново Село, Ве покануваат да бидете дел од овие важни моменти, да ја споделите радоста и да ја покажете вашата заедничка сила.
Се радуваме на Вашето присуство и поддршка! – е пораката од Општина Ново Село.
Избори 2025
Божинов: Алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово со нов довод за чиста вода за пиење и покривање на пазарот во Ново Село
Published
1 година agoна
октомври 6, 2025By
Media Press
Кандидатот за градоначалник за општина Ново Село од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Ѓорѓе Божинов, на вчерашниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека општина Ново Село изминатите четири години ја карактеризираа низа успешно реализирани проекти, фокусирајќи се на целите за наредните четири години за општина Ново Село т.е. програмата која посочи дека е креирана во согласност со потребите на граѓаните, а во насока на решавање на нивните најгорливи проблеми.
„Модернизација на инфраструктурата каде се предвидени асфалтирања на над 35 улици во целата општина од кои само 12 се во Ново Село. Меѓу најприоритетните проекти ќе биде обезбедувањето на алтернативно водоснабдување за Ново Село и Самоилово, со што ќе се обезбеди нов довод за чиста вода за пиење. Покривањето на пазарот во Ново Село со метална конструкција, изградбата на мегапаркот и зеленилото кај спортскиот комплекс „Христо Татарчев“. Ќе ги поддржиме иновациите, претприемништвото создавајќи подобри услови за инвестирање и водење бизнис“.
Божинов, во продолжение од своето обраќање се осврна и на проектите кои значат континуитет во инвестициите во образованието како реконструкција на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино, детски рекреативен центар во Старо Коњарево, јакнење на капацитетите во туризмот преку креирање на туристички водич за природните убавини на општина Ново Село. Во делот на социјалната и здравствената заштита посочи на предвидениот бесплатен логопедски третман за деца и бесплатниот оброк за ученици од социјално ранливите категории од прво до петто одделение, како и на изградбата на домот за стари лица.
„Предвидени се реконструкции на повеќе училишта, изградба на спортска сала во Колешино. Изградба на детски рекреативен центар во Старо Коњарево со спортски терени и сместувачки капацитети на местото на старата караула. Изградба и опремување на иновативен тренинг центар за основните училишта во Ново Село и Колешино. Ќе креираме туристички водич за природните потенцијали на нашата општина,а предвидена е и изградба и на нова пешачка и рекреативна патека од Колешино до Мокринските Извори, со мојот тим сплотено и изречно сме против рудници и против било какви загадувачи на територијата на општина Ново Село. Воведуваме бесплатен логопедски третман за деца и бесплатен оброк за ученици од социјално ранливи категории од прво до петто одделение. Реализација на проектот „Нега во домот“ и лична асистенција на лица со попреченост. Поранешната касарна во Ново Село ќе биде дадена под концесија за изградба на дом за стари лица. Пристапни рампи ќе бидат поставени на сите државни институции и главни сообраќајници“, рече Божинов.
На крај, Божинов ги повика граѓаните на општина Ново Село на 19 октомври да го направат вистинскиот избор, да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ, за општина Ново Село да продолжи по патот на развојот и просперитетот.


Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

