Радовиш
Советот на Општина Радовиш ја одржа 51 седница со дневен ред од 50-тина точки
Објавено на
Од
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 51 седница со дневен ред од 50-тина точки. Беа изгласани голем број предлог одлуки, предлог заклучоци и предлог решенија а беа поставени и неколку советнички прашања на кои одговраше градоначалникот Ацо Ристов. Пред усвојувањето на дневниот ред советникот Панче Николов излезе со иницијатива како допуна на дневниот ред, да се донесе одлука за додлеување на парична награда од по 15.000 денари на пожарникарите од Радовиш за нивната пожртвуваност во гаснењето на пожарот.
Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Јован Ристов рече дека тие би сакале да ги наградат и по 50.000 а не по 15.000 но да бидат реални и да видат колку пари имаат на располагање во Буџетот.
Градоначалникот Ацо Ристов рече дека оваа иницијатива е избрзана и додаде дека созоната на пожари сеуште трае, и дека за тоа било разговарано и на состанокот на Регионалниот кризен штаб, да бидат наградени сите кои учествувале во гасењето на пожарите.

-Во гасењето на пожарот во Радовиш учествуваа 100 луѓе и пожарникари и полиција и армија, така да ако наградуваме ќе треба сите да ги наградеме. Затоа да не избрзуваме и да почекаме, можеби ќе обезбедиме пари и од државата па сите да ги наградеме. Но да почекаме бидејќи ако сега беше време, јас прв ќе ја покренев иницијативата, но сезоната на пожари се уште трае“, рече градоначалникот Ристов, кој додаде дека и онака општината ќе претрпе огромна штета.
На оваа седница беше усвоена Предлог-Одлуката за измена и деополнување на буџетот на Општина Радовиш за 2024 година, а беше и верифициран мандатот на новиот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Елена Тодорова по испразнетото место и изборот на пратеник во Собранието на Република Македонија Моника Трајанова.

Поврзани содржини
Радовиш
Заврши Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш
Published
1 месец agoна
октомври 7, 2026By
Media Press
Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена.
На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста“ од употребата на индустриски градежни материјали при реставрација и реконструкција на спомениците на култура.
Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи“, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К“ од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.
Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување и афирмација на традиционалните градителски системи.
ЦКН „С и К“ – Радовиш
Георги А. Кочев, диа.
Радовиш
Радовиш домаќин на меѓународната трибина „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО“
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
Од 1 до 3 октомври 2026 година, Радовиш ќе биде домаќин на Меѓународната трибина за архитектура и градителство „Културно наследство“, која ќе обедини архитекти од пракса, универзитетските професори, историчари на уметност и уметници околу едно од најзначајните прашања на современото време – зачувување и афирмација на културното наследство.
Во текот на тридневната програма, покрај стручните предавања и теоретската настава, ќе се реализираат и практични вежби посветени на традиционалните градителски системи, природните градежни материјали и традиционалните техники на градење.
На трибината се очекува учество на имиња од земјата и странство, а свеченото отворање ќе биде збогатено со музичко-балетски перформанс и изложба на дела од еминентниот македонски академски сликар Мирослав Миро Масин.
Покровител и организатор е Центарот за културно наследство „Самун и Каднка“, со поддршка од ALKONING – Софија – Претставништво Македонија, Кнауф Македонија и Општина Конче.
Традицијата и културното наследство како темел и иднина.
Учесници
– арх. Никола Кипровски – Белгија
Архитектура и некои природни материјали
– проф, др. Минас Бакалчев
Хроника на една школа:
Архитектонска летна школа во манастирот Св. Јоаким осоговски, 1992 – 2017
– проф. др. Донка Барџиева Трајковска
Средновековните градителски системи и реставрацијата на византиските цркви
– Во рамките на „Трибината за архитектурата во Радовиш“, својата поддршка ја даваат студентите од трета година на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со семестралниот проект „Градски хотел во Радовиш – ново обележје на градот“.
Тема: проектирање на Хотел како современо архитектонско обележје, втемелено во локалниот контекст, инспирирано од традицијата – насочено кон иднината. Преку студентските проектни решенија се отвора простор за критичко преиспитување на односот меѓу архитектурата, градскиот идентитет и современите развојни текови.
Наставен тим: проф. Виолета Бакалчев,
доц. Бранислава Ѓорѓевиќ
доц. Нина Карангелеска.
– арх. Викторија Митева
Ревитализација на централното градско подрачје во Радовиш – Магистерски студии – МИТ универзитет
– Проекција на документарен филм за југословенскиот архитект Богдан Богданович
– СПЕЦИЈАЛЕН СПОНЗОР – АЛКОНИНГ – Софија, преставништво Скопје
арх. Ивана Цимешиќ
– Стаклени фасади како интеграција на современата архитектура во историски јадра.
– маш.инг. Славе Ѓоргиев – КНАУФ Македонија
Аналогија помегу античките системи за греење, ладење и вентилација и современите системи на Кнауф.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА
– Васила Трајковски – зограф и конзерватор – средновековни градителски системи
– арх. Ѓорги Ѓоргиев – Бугарија – сводови, куполи и арки
– Дејан Спасович скулптор и градител – заборавени градежни техники со глина, вар, тула, дрво и камен
Организатор ЦКН Радовиш, селектор – арх. Георги А. Кочев
Радовиш
Пронајдени и одземени дабови дрва по извршен претрес во домот на лице од радовишко Коџалија
Published
2 месеци agoна
септември 11, 2026By
Media Press
На 10.09.2026 во 14:40 часот во с.Коџалија, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Радовиш во координација со Шумска полиција и Шумско подрачно стопанство Радовиш, со судска наредба извршија претрес во домот на И.Д.(47) од село Коџалија.
При претресот биле пронајдени и одземени дабови дрва за кои не поседувал соодветна документација. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



