Connect with us

Регион

Состојба со пожарите од три регионални центри за управување со кризи, Струмица, Радовиш и Гевгелија

Media Press

Објавено на

ЦУК информира за состојбата со пожарите од три регионални центри за управување со кризи, Струмица, Радовиш и Гевгелија

Регионалниот ЦУК Струмица известува дека пожарот кај Баделен нема активно горење, но 3 пожарникари со 1 теренско возило и припадници на полицијата го контролираат теренот.Пожарот кај Велуса нема активно горење, но 3 пожарникари со 1 теренско возило го контролираат тернот.

Регионалниот ЦУК Радовиш известува дека пожарот кај Конче нема активно горење и сите луѓе се повлечени. На теренот контролираа 2 вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Плачковица“, 2 од ДППД Горица. Денеска, сабајле од подружница „Плачковица“, се повторно во контрола.

Кај пожарот кај Штурово се присутни 5 пожарникари и 15 војници и го контролираат теренот.

Инаку пожарот кој се појави на 15.07.2024 година над Радовиш кај с.Штурово, е под контрола. Интервенирале ТППЕ Радивиш со 8 пожарникари 1 ПП возило и 2 теренски возила, 15 припадници од АРСМ, а од ЈП НШ „Плачковица“ 10 вработени. Интервенирано е со српскиот хелихоптер во три налети и полицискиот хелихоптер со 1 налет. Дел од екипите постепено се повлекувале од теренот како намалувал денот. Гори сува трева, бор, деградирана шума и даб. Зафатена е површина од 150 – 200 хектари (неофицијално).

Регионалниот ЦУК Гевгелија известува дека пожарот кај Гевгелија конкретно кај Кованец нема активно горење, но 9 лица од локалната подружница на ЈП „Национални шуми” го контролираат теренот.

прикажи повеќе

Регион

Бурен викенд во регионот, пронајдена дрога, возење под дејство на алкохол, семејно насилство

Media Press

Published

на

На 06.11.2026 во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(33) од тоа село. Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени повеќе тегли исполнети со марихуана, две растенија од канабис и семки од канабис, а при преглед на К.П. тој извадил и предал рачно изработена цигара со марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Е.П.Е.(63) од Струмица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „волксфаген“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Е.П.Е. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Љ.Г.(34) од село Вељуса, струмичко. По преземени мерки било констатирано дека лицето со возилото врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна документација. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.11.2026 во 05:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 46-годишен жител на струмичко село. Според пријавеното тој на 08.11.2026 во Струмица физички ја нападнал неговата 44-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Регион

Сообраќајна несреќа со смртни последици на магистралниот пат Струмица-Радовиш во близина на с.Радичево

Media Press

Published

на

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Прочитај повеќе

Регион

Една сообраќајна нзгода, возење под дејство на алкохол и без возачка дозвола, пронајдена дрога, се дел од билтенот на СВР Струмица

Media Press

Published

на

На 17.10.2026 во 10:40 часот на бул. „Гоце Делчев” во Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хундаи“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Ш.(80) од Струмица и товарно возило „нисан“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.А.(34) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „хундаи“ Т.А.(44) од Струмица, а повредите биле констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од екипа на Полициската станица Струмица.

На 17.10.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода М.Т.(46) од струмичко. При преземање службени дејствија кон него, М.Т. извадил и предал хашиш и други предмети со остатоци од марихуана. Запознаен е јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска (18.10.2026) во 02:20 часот на крстосница за село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер било констатирано дека Б.Т. возилото го управува со 1.63 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.

Ноќеска (18.10.2026) во 00:20 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Б.(42) од Гевгелија. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, при што од извршеното мерење со дрегер е констатирано дека М.Б. возилото го управува со 1.60 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од КЗ.

Ноќеска (18.10.2026) во 00:25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.И.(44) од село Бојане, општина Сарај. При контрола на сообраќајот било запрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Прочитај повеќе