Конче
Авантурите на Конче и Мантово ВЕЛОФЕСТ 2024, на локација на Влашки Колиби
Објавено на
Од
Media Press
Дводневен
настан велосипедски тури „Авантурите на Конче и Мантово“ ќе се
одржи на 6
и 7 јули годинава, на
локација на Влашки Колиби, Езеро Мантово, Општина Конче. Ново велосипедско искуство во
општина Конче по втор пат, при што присутните ќе имаат можност да ги запознаат
природните убавини и локалните особености во овој дел на Македонија.
За сместување е предвидено кампување со сопствена опрема.
Контакт: velofestkonce@gmail.com или на телефон 078 495 850
Минатата година учеството на овој настан беше бесплатно, годинава има Котизација за учество:
600 денари по учесник поединец или 500 денари за членови на велосипедски клубови.
За малолетните лица до 16 години со придружник, учеството е бесплатно.
Котизацијата се уплаќа на сметката на организаторот:
ЗВК БЕЛ КАМЕН СЕРТА Радовиш
сметка бр.: 210-0700453201-68
Банка: НЛБ Банка АД Скопје
Краен рок за пријавување: најдоцна до Среда 3ти Јули 2024 година
Секој учесник добива:
– dri-fit
маичка
– вечера во сабота
– доручек и ручек во недела
– освежување за време на велосипедските тури
– организирани велосипедски тури со поддршка на локални водичи
– медицинска помош за време на велосипедските тури
– велосипедски сервис за време на турите за асистенција во отстранување на брзи
дефекти кај велосипедот
Програма
Сабота,
6ти јули
10:00 – 15:00h Пристигнување и регистрација на учесниците и поставување на
сопствена камп опрема
16:00 – 17:00h Подготовка, упатства и вовед во Велотура-1
17:00 – 19:00h Велосипедска тура околу Езерото Мантово со должина 15km и
искачување 200m (види
повеќе, GPX)
19:20 –
19:30h Свечено отварање на манифестацијата „ВЕЛОФЕСТ“
20:00 – 20:15h Настап на КУД Конче
20:30 – 00:00h Музичко-забавна програма
Недела,
7ми јули
08:00 – 09:00h Утринско будење, загревање и доручек за учесниците
09:00 – 10:00h Подготовка, упатства и вовед во Велотура-2 (види повеќе, GPX)
10:00 – 15:00h Велотура Конче (50км)
15:00 – 15:30h Затворање на манифестацијата
Поврзани содржини
Конче
Ловџија од Габревци, додека бил на лов на диви свињи, бил повреден со сачма од ловна пушка
Published
1 недела agoна
ноември 9, 2026By
Media Press
На 07.11.2026 година во 13:48 часот во Полициската станица Радовиш, лекар од Итна медицинска помош Радовиш пријавил дека кај нив за укажување на лекарска помош било донесено лицето С.М. од село Габревци, општина Конче, кој додека бил на лов во атар на село Габревци бил повреден со сачма од ловна пушка.
На 07.11.2026 година С.М., заедно со Р.Р., И.Р., З.Р., М.Р., С.С. и С.Р., сите од село Гавревци биле во лов на диви свињи, на место викано „Трска“ атар на с. Габревци, при што И.Р. со еден патрон испукал кон дива свиња, а од истрелот една сачма го погодила С.М. во пределот на стапалото. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од страна на увидна екипа од ОВР Радовиш бил извршен увид на местото. Од И.Р.(43) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Baikal M-155“ калибар 12 мм, ловна пушка „Ata Arms“ калибар 12 мм , дозвола за оружје, дневна дозвола за ловење и 6 патрони калибар 12 мм. Од С.С.(60) од село Габревци биле одземени ловна пушка ,,Zastava М-80“ калибар 12мм и дозвола за оружје. За настанот е известен јавен обвинител, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Конче
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации
Published
1 месец agoна
октомври 15, 2026By
Media Press
Општина Конче започна со изградба на летниковци на две локации, на барање на граѓаните за одбор и рекреација.
„Деновиве започнавме со изградба на летниковци на две локации – едната во м.в. „Дабјата“, во атарот на село Лубница, а другата ќе биде лоцирана на раскрсницата во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“. Со изградбата на овие два летниковци се опфаќаат локации кои најмногу ги користат граѓаните, случајните минувачи и посетителите на Општина Конче“, истакна градоначалникот Златко Ристов.
Ристов вели дека овие летниковци се градат на барање на граѓаните, за да имаат каде да одморат во топлите летни денови. Општина Конче како што вели градоначалникот продолжува со создавање уредени и пријатни места за одмор и престој на своите граѓани и посетители.
Конче
Жител од Горни Липовиќ, држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција
Published
3 месеци agoна
август 17, 2026By
Media Press
На 15.08.2026 во 20:00 часот во село Горни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(50) од село Горни Липовиќ.
Според пријавеното, тој околу 17:20 часот во атар на село Горни Липовиќ држејќи секира во рака агресивно се однесувал кон вработени на Шумска полиција, кои преземале службени дејствија. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

