Connect with us

Радовиш

Промовирана монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на композиторот Стојан Стојков

Avatar

Published

на

Во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш се одржа промоција на монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на истакнатиот македонски композитор и универзитетски професор Стојан Стојков која претставува еден преглед на неговиот животен и творечки пат.

Промотор на истата беше поетот Борче Панов,а за ова значајно дело пред присутните се осврна и самиот автор, композиторот Стојков.

Поттикнати од искажаното на промоцијата, за авторот на монографијата зборуваа и професорите Ристо Свирков и Славчо Атанасов, кои се потсетија на деновите кога биле ученици.

Стојан Стојков, роден во 1941 година. Подареш, Радовиш, е македонски композитор и педагог. Завршил средно музичко училиште во Скопје каде што дипломира на отсекот пијано, а потоа завршува бразование за музика на Белградската музичка академија, каде што дипломирал на Одделот за композиција. Стојков е автор на бројни дела од скоро сите жанрови и форми на музика.

По враќањето во Македонија, паралелно со творечката ја започнува својата педагошка дејност. Најнапред во Средното музичко училиште во Штип (1967), потоа во Средното музичко училиште во Скопје (1968), а од 1980 година стана професор на Факултетот за музичка уметност, каде што остана до крајот на својот работен век предавајќи некои од главните стручни предмети (хармонија, полифонија, хармонска анализа и др.).

Во еден период својата педагошка дејност ја проширува и на полето на композицијата работејќи на подготовка на неколку идни студенти, а потоа и истакнати композитори – Гоце Коларовски, Вања Николовски и Слаѓана Кавај. Во делот на неговото „педагошко досие“ спаѓа и придонесот во креирањето на наставните планови и програми за музичкото образование, како во средните музички училишта, така и за основните и средните училишта по предметот – Музичко образование.

прикажи повеќе

Радовиш

Заврши реконструкција на улицата 22 Oктомври во Радовиш, следна е улица Партизанска

Avatar

Published

на

Заврши реконструкција на улицата 22 октомври во Радовиш како дел од програмата за реконструкција на улици во центарот на градот. Градоначалникот Ацо Ристов кој денеска изврши увид на градежните работи рече дека истовремено се работи и на други локации, на изградба на споредни улици и сокаци со бекатон.

Улицата ќе биде асфалтирана до раскрсницата со афтобуската станица, а потоа механизацијата ќе се премести на улица Партизанска и дел од улица Плачковица, рече градоначалникот Ристов кој притоа спомна дека потоа ќе се продолжи во населените места.

Прочитај повеќе

Радовиш

24 -годишен радовишанец физички го нападнал неговиот татко, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 02.07.2024 во 19.00 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш лишиле од слобода 24-годишен радовишанец, постапувајќи по претходна пријава дека тој околу 16.30 часот во Радовиш физички го нападнал неговиот татко. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Радовиш

Јавен повик за добивање на субвенција на млади лица за полагање на возачки испит од Б категорија

Avatar

Published

на

Општина Радовиш распиша Јавен Повик за користење на финансиски средства од буџетот на Општината за 2024 година, за добивање на субвенција на млади лица – жители, за полагање на возачки испит од Б категорија, согласно Програмата за Локален Економски Развој на Општина Радовиш за 2024 година.

Содржина на јавниот повик
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален Економски Развој oд Буџетот на Општина Радовиш за 2024 година ќе се доделуваат на корисниците, баратели кои се редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш или се невработени млади лица до 26 годишна возраст.
На барателот/физичкото лице што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од Б категорија во висина од 8.000,00 денари. Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит – добиена возачка дозвола од Б категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање најдоцна до 1 Декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 Декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

Право на поднесување на барање
Право на користење на финансиски средства имаат физичките лица редовни/вонредни ученици во III или IV година во СОУ „Коста Сусинов“ Радовиш и/или невработени млади лица до 26 годишна возраст кои ќе поднесат барање со потребната документација од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично до архива на адреса:
Општина Радовиш, Бул.„Александар Македонски“ Бр.7, Радовиш

Повеќе на: https://radovis.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b4%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2Qcywoerc5J1FuJXTPnsXg_rm1zs-cIiIYXi5_Lfxgpw363yo0UgrbW50_aem_tozHGw8Pa49YTgzdako1PQ

Прочитај повеќе