Connect with us

Македонија

Мицкоски: За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа побарав поддршка од сите и разговарав и со СДСМ

Avatar

Published

на

Христијан Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред Генералното Собрание на ЗЕЛС одговарајќи на новинарско прашање во врска со Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа, рече дека побарал поддршка од сите и разговарал и со СДСМ :

„Гласаа пратеници од ДУИ точно, но од коалицијата „Европски фронт“ гласаа пратеници кои се дел од Турската демократска партија, од Демократската партија на Албанците и други пратеници кои не се од ДУИ. Очекувавме да гласаат и пратениците кои се дел од  коалицијата предводена од СДСМ и пратениците од политичката партија Левица“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање одговарајќи на новинарско прашање прашан за поддршката од страна на ДУИ за реорганизација на министерствата.

Мицкоски истакна дека отворена била вратата за сите пратеници за да дадат поддршка за реорганизација на министерствата.

„Бидејќи тоа што СДСМ не го кажува, а што треба македонската јавност да го знае е дека јас лично остварував со нив контакти цело време и вратата да го поддржат овој закон за сите пратеници беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери препознаа квалитет во овој закон и гласаа тие треба да дадат одговор, додека дел од идните опозиционери кои не препознаа квалитет или имаа некои други политички математики и калкулации не гласаа“, посочи Мицкоски.

Мицкоски продолжи и додаде:

„Што се однесува до составот на идната влада, таа ќе е составена од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ или „Влен“ и политичката партија „ЗНАМ“ предводена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во Македонскиот парламент во опозиција ќе биде коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица. Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски, одговрајќи на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани.

-Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував, рече Мицкоски и додаде:
-Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2,3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува.

На крај претседателот Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8ми Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.

-Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како  коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што не изборите на 8ми мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси, додаде Мицкоски.

Мицкоски ексклузивно најави прва странска директна инвестиција која ќе е во делот на енергетиката.

„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски продолжи и укажа дека без владеење на правото нема развој.

„Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото развојот на земјата не би бил возможен така што двојни стандарди не се возможни“, заклучи Мицкоски.

Македонија

29 пожари на отворено во последното деноноќие, 7 се уште се активни

Avatar

Published

на

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се уште активни.

Седумте активни пожари на отворено се во:

– Општина Штип кај с.Селце и с.Пухче (каде што гори мешана шума);

– Општина Штип и во Општина Неготино, во реон на Армискиот воен полигон, високо над Криволак кон Пенуш, каде што има многу голема „фронтова“ линија на пожарот (каде што гори ниска вегетација – смреки, трња, грмушки и нискостеблеста шума, претежно даб)

– Општина Македонски Брод: с.Брезница и с.Тажево каде што гори квалитетна борова шума, 15 вработени од Јасен помогнати преку ден од армиските 30-ина припадници, а и од неколкумина од ЈП „Национални шуми“, имаат само по неколку часа здивнување и речиси деноноќно се борат на линија кај реката-понорница Оча пред Борова Брезница да не се пробие огнот кон внатрешноста на заштитено повеќенаменско подрачје “Јасен” од посебно значење за државата. Вчера армискиот хеликоптерот „Ми 17“ во два наврата не можеше да дејствува од многу, а и густ чад и небезбедни услови за дејство;

– Општина Чашка кај с.Габровник и с.Мокрени (каде што гори мешана шума и ниска вегетација) Таму линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила;

– Општина Чашка: месноста Мукос, има пожар префрлен од прилепска страна (при што гори ниска вегетација);

– Општина Долнени кај  с.Небрегово ( гори нискостеблеста шума);

– Општина Долнени: с.Гостиражни, префрлен пожар од с.Богомила, Општина Чашка (каде што гори мешана шума и ниска вегетација)

ЦУК информира дека под контрола се 7 пожари и се настојува да се доведат во фаза на локализирање за потоа и да се изгаснат – ликвидираат, во:

– Општина Кавадарци: с.Фариш и с.Ораовец (мешана шума);

– Општина Неготино: с.Калањево (нискостеблеста шума);

– Општина Македонски Брод: с.Брезница место викано Тажевска Река (борова шума);

– Општина Македонски Брод: с.Дивеч и с.Слатина (мешена шума);

– Општина Пробиштип: место викано Балабаница, с.Зелен Град во близина на одморалиште Пониква (паднати дрвја од бука и папрат);

– Општина Ново Село: с.Бадилен (мешана шума) и во

– Општина Чашка: планина Голешница на врвот Лисец помеѓу с. Г. Јаболчиште и Дреново. (мешана шума).

Изгаснати се 15 пожари на отворено во последното деноноќие, во:

– Општина Аеродром: во Лисиче (ниска вегетација);

– Општина Арачиново: во атарот на с. Арачиново (стрниште);

– Општина Студеничани: с. Пагаруша (ниска вегетација);

– Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација);

– Општина Крушево: с. Алданци (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Струмица: во кругот на Комбинатото Слобода (ниска вегетација);

– Општина Струга: с. Велешта (ниска вегетација);

– Општина Дебар: во наслеба Венец 2. (ниска вегетација);

-Општина Кичево: 2 с. Србица и с. Осломеј (сено, и стрниште);

– Општина Куманово: во улица 400 Куманово (ниска вегетација);

– Општина Кочани: с. Уларци (стрниште);

– Општина Гостивар: 2 с. Тумчевиште и покрај автопатот Тетово-Гостивар. (ниска вегетација и фабриката за мебел) и во

– Општина Кавадарци: с. Мрзенци (каде што гори ниска вегетација).

Прочитај повеќе

Македонија

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата

Avatar

Published

на

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Општиона Гевгелија одговрајќи на новинарско прашање, им одговори на амбасадорите на САД и на ЕУ, Ангела Агелер и Дејвид Гир, кои вчера рекоа дека се против распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет. Мицкоски рече дека „стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, додавајќи дека треба да понудат решенија за проблемот со доверба во судството.

„Ја слушнав таа изјава. Некако стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат. Логично е рационален и конструктивен човек кога гледа проблем да бара решение. Понудивме решение, океј, не се важни 600.000 гласови за амбасадорите, не е важна владината програма, ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, рече Мицкоски

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Владата да ги оспори пописните тезултати и да спречи БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Avatar

Published

на

Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на #Софиската и #Tиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно! Според резултатот од пописот, 7957 се попишани како Бугари, додека само 2281 се попишале како Македонци, иако никогаш во сите досегашни 11 пописи кои ги има спроведено Албанија, ниту еден жител се нема изјаснето како Бугарин, реагираат од Левица.

Левица претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население. Притисок врз Македонците беше системски и се вршеше заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, со што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за остварување на своите цели!

„За овие проблеми, како и за многу други, Македонците преку своите претставници и здруженија, многупати алармираа до државните институции и до власта на Рама, кои воопшто не реагираа по однос на пријавените проблеми! #Левица за време на пописот многупати реагираше на оваа тема, обелоденувајќи детали од притисоците кои се вршат и бараше од македонското МНР и од Владата да испратат итна реакција и протестна нота, што, за жал, не се случи.

Актуелната Влада е должна да се избори за Македонците во Албанија да добиваат реципроцитетен однос од државата како што добиваат Албанците во Македонија!

Несомнено е дека пописот во соседна Албанија е спроведен во насока да претстави лажна слика за македонското малцинство и истиот бугарските служби го користат како алатка за бугаризација на Македонците и отворање на патот за нови барања на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Од Министерството за надворешни работи бараме итна реакција на меѓународна инстанца, оспорување на резултатите од пописот во местата со македонско население во Албанија и претставување на проблемот до Европската комисија, со цел заштита на правото на самоопределување на Македонците и спречување на нивна бугаризација во Албанија!“ стои во реакцијата од Левица.

Прочитај повеќе