Connect with us

Македонија

Левица: „Мајскиот договор“ е противуставен, ДПМНЕ зад затворени врати го факторизира владеењето на ДУИ од сенка

Avatar

Published

на

Врската помеѓу ДПМНЕ и ДУИ никогаш не била прекината! – Таа повторно излезе на површина откако доцна во ноќта зад затворени врати од јавноста, пратениците од т.н. Европски фронт ѝ помогнаа на коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ на шверцерски начин да го донесе Законот за реорганизација на министерствата, информираат од политичката партија Левица.

„Со помош на ДУИ, беше овозможено отворање на 4 нови министерства, чија примарна цел е ухлебување на партиска војска на ДПМНЕ и задоволување на апетитите на олигархијата што ја спонзорира Партијата, како и полесно распределување на колачот помеѓу #ШирокатаКоалиција.

Неформално во јавноста протече информација дека на полноќните средби на кои се пазарело уредувањето на државниот апарат, условот за обезбедување на 2/3 мнозинство од ДУИ било барањето за озаконување на т.н. „Мајски договор“, односно – во иднина Влада да се формира со Бадентерово мнозинство помеѓу победниците од двата наметнати етнички политички блока.

Ваквиот законски услов за формирање на Влада би бил целосно спротивен на Уставот на Република Македонија, кој во член 51 предвидува дека законите во Републиката мора да бидат во согласност со Уставот! Уставот не предвидува никакво посебно мнозинство за избор на Влада, ниту пак Бадентер, туку јасно определува во член 90 дека Владата на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието само со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Прифаќањето на овој предлог на ДУИ би значело официјализирање на противуставниот и антимакедонски концепт на бинационална држава и озаконување на етнотрибалистичката антиевропска политика која сé повеќе ја загрозува унитарноста и демократијата во Република Македонија!

Левица цврсто стои на ставот дека за тенденциозните балистички барања кои го нарушуваат унитарниот карактер на државата и државниот суверенитет, без разлика од која партија доаѓаат, ДУИ или ВЛЕН треба да бидат одбиени! Воедно, #Левица во својата програма предвидува забрана за етнички партии, бидејќи пракса во сите демократски земји е партиите да се формираат врз основа на идеолошки определби, а не според етнички или религиски групирања!

Заради избегнување на ваквите националистички уценувања и тенденции, и покрај огромните идеолошки и програмски разлики, имајќи го предвид државниот и национален интерес, вклучително и интересите на сите македонски граѓани, Левица понуди бланко поддршка до ДПМНЕ за да не изгласаат балист од партија со освоени два пратенички мандати да раководи со Собранието, како и условна поддршка за реорганизацијата на Владата со воведување на една изборна единица, која при ваквите етноблоковски поделби, ќе овозможи закрепнување и дополнително обезбедување на унитарниот карактер на државата“, стои во информацијата од Левица.

Македонија

29 пожари на отворено во последното деноноќие, 7 се уште се активни

Avatar

Published

на

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се уште активни.

Седумте активни пожари на отворено се во:

– Општина Штип кај с.Селце и с.Пухче (каде што гори мешана шума);

– Општина Штип и во Општина Неготино, во реон на Армискиот воен полигон, високо над Криволак кон Пенуш, каде што има многу голема „фронтова“ линија на пожарот (каде што гори ниска вегетација – смреки, трња, грмушки и нискостеблеста шума, претежно даб)

– Општина Македонски Брод: с.Брезница и с.Тажево каде што гори квалитетна борова шума, 15 вработени од Јасен помогнати преку ден од армиските 30-ина припадници, а и од неколкумина од ЈП „Национални шуми“, имаат само по неколку часа здивнување и речиси деноноќно се борат на линија кај реката-понорница Оча пред Борова Брезница да не се пробие огнот кон внатрешноста на заштитено повеќенаменско подрачје “Јасен” од посебно значење за државата. Вчера армискиот хеликоптерот „Ми 17“ во два наврата не можеше да дејствува од многу, а и густ чад и небезбедни услови за дејство;

– Општина Чашка кај с.Габровник и с.Мокрени (каде што гори мешана шума и ниска вегетација) Таму линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила;

– Општина Чашка: месноста Мукос, има пожар префрлен од прилепска страна (при што гори ниска вегетација);

– Општина Долнени кај  с.Небрегово ( гори нискостеблеста шума);

– Општина Долнени: с.Гостиражни, префрлен пожар од с.Богомила, Општина Чашка (каде што гори мешана шума и ниска вегетација)

ЦУК информира дека под контрола се 7 пожари и се настојува да се доведат во фаза на локализирање за потоа и да се изгаснат – ликвидираат, во:

– Општина Кавадарци: с.Фариш и с.Ораовец (мешана шума);

– Општина Неготино: с.Калањево (нискостеблеста шума);

– Општина Македонски Брод: с.Брезница место викано Тажевска Река (борова шума);

– Општина Македонски Брод: с.Дивеч и с.Слатина (мешена шума);

– Општина Пробиштип: место викано Балабаница, с.Зелен Град во близина на одморалиште Пониква (паднати дрвја од бука и папрат);

– Општина Ново Село: с.Бадилен (мешана шума) и во

– Општина Чашка: планина Голешница на врвот Лисец помеѓу с. Г. Јаболчиште и Дреново. (мешана шума).

Изгаснати се 15 пожари на отворено во последното деноноќие, во:

– Општина Аеродром: во Лисиче (ниска вегетација);

– Општина Арачиново: во атарот на с. Арачиново (стрниште);

– Општина Студеничани: с. Пагаруша (ниска вегетација);

– Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација);

– Општина Крушево: с. Алданци (ниска вегетација и стрниште);

– Општина Струмица: во кругот на Комбинатото Слобода (ниска вегетација);

– Општина Струга: с. Велешта (ниска вегетација);

– Општина Дебар: во наслеба Венец 2. (ниска вегетација);

-Општина Кичево: 2 с. Србица и с. Осломеј (сено, и стрниште);

– Општина Куманово: во улица 400 Куманово (ниска вегетација);

– Општина Кочани: с. Уларци (стрниште);

– Општина Гостивар: 2 с. Тумчевиште и покрај автопатот Тетово-Гостивар. (ниска вегетација и фабриката за мебел) и во

– Општина Кавадарци: с. Мрзенци (каде што гори ниска вегетација).

Прочитај повеќе

Македонија

Мицкоски: Стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата

Avatar

Published

на

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска беше во посета на Општиона Гевгелија одговрајќи на новинарско прашање, им одговори на амбасадорите на САД и на ЕУ, Ангела Агелер и Дејвид Гир, кои вчера рекоа дека се против распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет. Мицкоски рече дека „стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, додавајќи дека треба да понудат решенија за проблемот со доверба во судството.

„Ја слушнав таа изјава. Некако стана практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Но, во ред, дури и ако е така. За оваа коалиција гласаа 600.000 граѓани, се гледа дека тоа ништо не им значи. За политиките и програмата на оваа влада. Истите велат дека состојбата со правната држава е катастрофална. Истите во нивните извештаи велат дека криминалот и корупцијата цветаат. Довербата во Судскиот совет и во Обвинителскиот совет е на 2-3%, се гледа дека работите не функционираат. Логично е рационален и конструктивен човек кога гледа проблем да бара решение. Понудивме решение, океј, не се важни 600.000 гласови за амбасадорите, не е важна владината програма, ако знаат подобро решение нека дојдат да покажат, јас сум подготвен да разговараме“, рече Мицкоски

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: Владата да ги оспори пописните тезултати и да спречи БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

Avatar

Published

на

Бугаризацијата на Македонците во повеќе општини во Албанија, како дел од заедничките цели на #Софиската и #Tиранската платформа, на пописот во соседна Албанија, Еди Рама ја спроведе успешно! Според резултатот од пописот, 7957 се попишани како Бугари, додека само 2281 се попишале како Македонци, иако никогаш во сите досегашни 11 пописи кои ги има спроведено Албанија, ниту еден жител се нема изјаснето како Бугарин, реагираат од Левица.

Левица претходно ја информираше јавноста за процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија што се врши преку различни притисоци, поткуп, уцени и закани од страна на бугарските функционери и служби кои „оперираат“ во местата каде живее македонското население. Притисок врз Македонците беше системски и се вршеше заеднички од официјалните власти на Албанија и Бугарија, со што на бугарските служби им се оставени одврзани раце за остварување на своите цели!

„За овие проблеми, како и за многу други, Македонците преку своите претставници и здруженија, многупати алармираа до државните институции и до власта на Рама, кои воопшто не реагираа по однос на пријавените проблеми! #Левица за време на пописот многупати реагираше на оваа тема, обелоденувајќи детали од притисоците кои се вршат и бараше од македонското МНР и од Владата да испратат итна реакција и протестна нота, што, за жал, не се случи.

Актуелната Влада е должна да се избори за Македонците во Албанија да добиваат реципроцитетен однос од државата како што добиваат Албанците во Македонија!

Несомнено е дека пописот во соседна Албанија е спроведен во насока да претстави лажна слика за македонското малцинство и истиот бугарските служби го користат како алатка за бугаризација на Македонците и отворање на патот за нови барања на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан.

Од Министерството за надворешни работи бараме итна реакција на меѓународна инстанца, оспорување на резултатите од пописот во местата со македонско население во Албанија и претставување на проблемот до Европската комисија, со цел заштита на правото на самоопределување на Македонците и спречување на нивна бугаризација во Албанија!“ стои во реакцијата од Левица.

Прочитај повеќе