Во Радовиш за прв пат е организирана изложба на хералдички грбови насловена „Македонија во светот на хералдиката“
Во Радовиш за прв пат е организирана изложба на хералдички грбови насловена „Македонија во светот на хералдиката“ која беше одржана синоќа, а по повод 10 јуни, Светски ден на хералдиката. Изложбата беше во организација на ЦК Ацо Караманов и Македонското грбословно друштво, поддржано од Општина Радовиш. Првиот грб кој што е изработен за потребите на македонската хералдика пред 11 години, е токму грбот на Општина Радовиш.
Градоначалникот Ацо Ристов изрази задовослтво што токму во Радовиш се одржува ваков несекојдневен настан, сведок на историјата но и на иднината.
На изложбата во Градската галерија Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш беа претставени над 70 грбови поврзани со Македонија, почнувајќи од 14 до 21 век.
Како настанал хералдичкиот грб на општина Радовиш и што всушност претставуват неговите знаци, беше образложено токму на изложбата. карактеристично за грбот е што го содржи венецот од тутун, потоа во внатрешниот дел е специфичниот крст со 16 краци кој го има самио во црковниот храм Свети пророк Илија во Радовиш и никаде на друго место. Градот има три грба мал, среден и голем грб
Малиот грб би требало да ги краси сите јавни образовни установи и други општински јавни претпријатија, средниот грб
го користи советот на општината и други општински јавни институции како што е центарот
за култура, би требало да стои и на секоја табла при влезот во Радовиш при што
би давал хералдичка претстава на градот. и големиот греб единствено го користи
општината претставувана од градоначалникот. Покрај грбот е изработено и
општинското знаме дизајнирано врз основа на грбот на општината.
Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов фасциниран од оваа изложба но и од хералдиката воопшто.
Целиот настан беше збогатен со прекрасна музика од градскиот мешан хор „Гортинија“ од Гевгелија. Ова е прв ваков настан организиран во Македонија и тоа во Радовиш.