Connect with us

Радовиш

„Радовишката ликовна колонија“ збогатена со изложба на слики на тема СООЧУВАЊЕ од уметникот Томе Даневски

Avatar

Published

на

Со изложба на слики на тема СООЧУВАЊЕ од уметникот Томе Даневски, вчера во Радовиш започна деветтата Меѓународна ликовна колонија која ја организира ДЛУР- Рада од Радовиш. Во присуство на повеќе поканети гости и уметници кои се дел од ликовната колонија, присутните ги поздрави претседателот на ДЛУР Рада, Душан Коцев.

Темата и уметничкиот израз на изложбата требаше да го претстави  проф. д-р Мимоза Рајл професор по естетика на визуелните форми специјализиран во Париз во областа на уметноста, но во нејзино отсуство  нејзината рецензија насловена ARS SACRA за ликовното творештво на Томе Даневски го прочита  професорката Гордана Здравкоска.

„Кога се работи за ликовната уметност и сликарството, не важи она правило дека сите патишта водат кон Рим. Некои значајни сликарски платна со страстно – дионизиска поетика каде што ни е претставен идеалот, не водат и во Радовиш. Да се наслика сакралното, невидливото, метафизичкото, воопшто не е едноставно. Убавината која светот го спасува како што велеше Достоевски, или пак дека уметноста постои за да не спаси од вистината, како што пишуваше Фридрих Ниче, е светот на сликите на кои што се потпишува нашиот познат ликовен уметник – Томе Даневски. Во сликарството на Даневски евидентен е божествениот принцип и таму човекот е прогласен за вечен“, стои во рецензијата насловена ARS SACRA за ликовното творештво на Томе Даневски на проф. д-р Мимоза Рајл .

Ликовната колонија ја отвори Градоначалникот општина Радовиш Ацо Ристов, посакувајќи им срдечно добредојде и пријатен престој на сите уметници во Радовиш.

„Изложбата во родниот град Радовиш ми буди посебно чувство“, рече уметникот Томе Даневски

Меѓународната ликовна колонија која ќе трае од 10 – 14 јуни, ќе се реализира на манастирскиот комплекс „Св.Георгија“ во Ораовица а на 14-ти Јуни е предвидено нејзино свечено затварање. На неа ќе учествуват 15 уметници од Македонија и странство. Целиот настан беше збогатен со прекрасни композиции отсвирени од ученичката Елена Конзулова.

ARS SACRA на Томе Даневски на проф. д-р Мимоза Рајл

Кога се работи за ликовната уметност и сликарството, не важи она правило дека сите патишта водат кон Рим. Некои значајни сликарски платна со страстно – дионизиска поетика каде што ни е претставен идеалот, не водат и во Радовиш. Да се наслика сакралното, невидливото, метафизичкото, воопшто не е едноставно. Убавината која светот го спасува како што велеше Достоевски, или пак дека уметноста постои за да не спаси од вистината, како што пишуваше Фридрих Ниче, е светот на сликите на кои што се потпишува нашиот познат ликовен уметник – Томе Даневски. За разлика од Клод Лорен во чија сликарска поетика постои еден инферален, лирски впечаток на помирување со смртната човекова природа, кај Даневски сликата е драматична, таа не му се поклонува на смртното, барајќи од нас да се нурнеме во себе, да го најдеме најдлабокиот наш архетип и да бидеме совршени како Таткото наш небесен. Во сликарството на Даневски евидентен е божествениот принцип и таму човекот е прогласен за вечен.

Вечноста е најважната тема која сликарството само по себе ја поставува, а Даневски со својот изразит талент недвосмислено ни ја соопштува. Така Даневски ни ја открива и најважната вистина за човекот, дека уште на земјата треба да се свртиме кон вертикалниот од кон Бога и да се спасиме. Доколку сликата на Даневски ја преведеме во зборови, во проза, тогаш тој ни порачува да погледнеме во светлината на сопствената душа и во таа убавина да останеме. Даневски од нас го бара преображението, а идеалот на совршенството да го прогласиме за единствена вистина и пат, патот на безусловната љубов, на непоколебливата вера во вечниот живот. Но Даневски ни вели дека тој пат е единствено можен преку рајските пространства на нашата анима, кои не водат директно во Дантеовото последно, не движечко, рајско небо, или пред олтарот на самиот Бог. Можеби секој талентиран и познат европски ликовен уметник, кој себе си се видел во сакралното, има потреба да го наслика Исус, како еден свој сопствен најдлабок архетип. Во таа смисла, помеѓу сликата на Христа кај Тицијан која се наоѓа во галеријата Цвингер во Дрезден и насликаниот Исус од страна на Ел Греко во Толеда, тешко наоѓаме допирни точки. Ел Греко ни ја соопштува тајната на најголемата духовна моќ на Исус врз светот, додека кај Тицијан Исус е насликан во големата сила со која тој нам ни ги открива фарисеите и нивните намери. На ист начин, може да се анализира претставувањето на мртвото тело на Исус од страна на Ханс Хојбајн, Исус во својата трансформација на Рафаело, Распнатиот Исус на Веласкез или пак најновото откриено дело каде што Леонардо да Винчи го слика Исус како “Salvator Mundi” односно, Спасител на светот.

Но кај Даневски, Исус е претставен во страдањата на овој свет, додека неговиот поглед е свртен кон небото. Синилото на неговите очи е прелеано во азурното небо, на некој друг посовршен свет од земскиот. Дали навистина како што ни велеше и Чехов, љубовта е неостварлива на земјата, а злото е непобедливо? Сакралното во уметноста на Даневски не е само обична тема. Тоа е нај речовит знак дека сме во допир со најдлабоката тајна што не опкружува во овој свет и како таму да сме надвор од секое човечко, емпириско постоење. Токму во таа уметност ние го препознаваме духовното како најголема сила. Уметноста на Даневски е едно видовито препознавање на нај внатрешното, како најмоќна, трансцедентална сигурност, меѓу земјата и небото. Нема да погрешиме ако на сакралното во уметноста, ставиме знак еднаквост со светото. Ван Гог еднаш рече дека е невозможно да гледаме во сликите на Рембрант без вера во Бога. А денес, за сакралното во сликарството на Даневски велиме дека е невозможно да гледаме во неговите ликовни остварувања, без притоа да не поверуваме во Бога.

Радовиш

Радовишките пожарникари локализирале пожар опкружен со 60 хектари житни култури во атар на с. Дамјан

Avatar

Published

на

Вчера околу 14 часот бил предизвикан пожар во атар на село Дамјан на кој интервенирала ТППЕ од Радовиш.

„На 18.06.24 година во 14,05 мин. беше пријавено пожар на запален блок сува трева (чир),електрични столбови ( бандери )опкружен со 60 хектари житни култури во атарот на село Дамјан.Од страна на ТППЕ Радовиш упатени беа четири пп возила и 8 пожарникари,во акцијата за гасење учествуваше и лице од ОВР Радовиш. Пожарот за кратко време беше локализиран,за во 18:00 часот биде целосно ликвидиран,од страна на ТППЕ РАДОВИШ во 22:00 извршено контрола на пожарот“, информира ТППЕ од Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Промовирана монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на композиторот Стојан Стојков

Avatar

Published

на

Во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш се одржа промоција на монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на истакнатиот македонски композитор и универзитетски професор Стојан Стојков која претставува еден преглед на неговиот животен и творечки пат.

Промотор на истата беше поетот Борче Панов,а за ова значајно дело пред присутните се осврна и самиот автор, композиторот Стојков.

Поттикнати од искажаното на промоцијата, за авторот на монографијата зборуваа и професорите Ристо Свирков и Славчо Атанасов, кои се потсетија на деновите кога биле ученици.

Стојан Стојков, роден во 1941 година. Подареш, Радовиш, е македонски композитор и педагог. Завршил средно музичко училиште во Скопје каде што дипломира на отсекот пијано, а потоа завршува бразование за музика на Белградската музичка академија, каде што дипломирал на Одделот за композиција. Стојков е автор на бројни дела од скоро сите жанрови и форми на музика.

По враќањето во Македонија, паралелно со творечката ја започнува својата педагошка дејност. Најнапред во Средното музичко училиште во Штип (1967), потоа во Средното музичко училиште во Скопје (1968), а од 1980 година стана професор на Факултетот за музичка уметност, каде што остана до крајот на својот работен век предавајќи некои од главните стручни предмети (хармонија, полифонија, хармонска анализа и др.).

Во еден период својата педагошка дејност ја проширува и на полето на композицијата работејќи на подготовка на неколку идни студенти, а потоа и истакнати композитори – Гоце Коларовски, Вања Николовски и Слаѓана Кавај. Во делот на неговото „педагошко досие“ спаѓа и придонесот во креирањето на наставните планови и програми за музичкото образование, како во средните музички училишта, така и за основните и средните училишта по предметот – Музичко образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заврши 9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати и благодарници

Avatar

Published

на

По петдневно цртање и творење на прекрасни уметнички дела, во петокот вечерта беше затворена  9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија, со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати на сите учесници и благодарници на поддржувачите на колонијата.

Претседателот на ДЛУР Рада од Радовиш Душан Коцев, кој е организатор на Радовишката ликовна колонија се заблагодари на ликовните уметници кои беа дел од оваа културно уметничка активност како и на општина Радовиш како покровител на ликовната колонија.

Во продолжение беа додлени сертификати на уметниците  и благодарници на подржувачите  Општина Радовиш, Рудникот Бучим, Компанијата Интерпласт од Радовиш и Винарија Кукутанов од Радовиш.

Прочитај повеќе