Connect with us

Радовиш

Отворен ден во СОУ Коста Сусинов во Радовиш, за идните средношколци

Avatar

Published

на

СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш денеска ги отвори вратите за идните средношколци, односно органзира отворен ден за учениците кои завршуваат  деветто одделение во основните училишта во општините Радовиш и Конче.

Целта е како што рече директорот на училиштето да ги запознаат учениците со можноситите кои ги нуди училиштето за квалитетно образование.

Инаку годинава основно образование завршуваат 240 ученици од двете општини Радовиш и Конче, во радовишката гимназија очекуваат дека ќе се запишат околу 150 ученици. Додека средното образование го завршуваат 110 матурнати. Минатата година овде завршиле 140 матуранти, а биле запишани 150 нови ученици. На ваква бројка се надеваат и годинава.

прикажи повеќе

Радовиш

Радовишките пожарникари локализирале пожар опкружен со 60 хектари житни култури во атар на с. Дамјан

Avatar

Published

на

Вчера околу 14 часот бил предизвикан пожар во атар на село Дамјан на кој интервенирала ТППЕ од Радовиш.

„На 18.06.24 година во 14,05 мин. беше пријавено пожар на запален блок сува трева (чир),електрични столбови ( бандери )опкружен со 60 хектари житни култури во атарот на село Дамјан.Од страна на ТППЕ Радовиш упатени беа четири пп возила и 8 пожарникари,во акцијата за гасење учествуваше и лице од ОВР Радовиш. Пожарот за кратко време беше локализиран,за во 18:00 часот биде целосно ликвидиран,од страна на ТППЕ РАДОВИШ во 22:00 извршено контрола на пожарот“, информира ТППЕ од Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Промовирана монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на композиторот Стојан Стојков

Avatar

Published

на

Во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш се одржа промоција на монографијата ,,МОЈОТ ТВОРЕЧКИ ПАТ” на истакнатиот македонски композитор и универзитетски професор Стојан Стојков која претставува еден преглед на неговиот животен и творечки пат.

Промотор на истата беше поетот Борче Панов,а за ова значајно дело пред присутните се осврна и самиот автор, композиторот Стојков.

Поттикнати од искажаното на промоцијата, за авторот на монографијата зборуваа и професорите Ристо Свирков и Славчо Атанасов, кои се потсетија на деновите кога биле ученици.

Стојан Стојков, роден во 1941 година. Подареш, Радовиш, е македонски композитор и педагог. Завршил средно музичко училиште во Скопје каде што дипломира на отсекот пијано, а потоа завршува бразование за музика на Белградската музичка академија, каде што дипломирал на Одделот за композиција. Стојков е автор на бројни дела од скоро сите жанрови и форми на музика.

По враќањето во Македонија, паралелно со творечката ја започнува својата педагошка дејност. Најнапред во Средното музичко училиште во Штип (1967), потоа во Средното музичко училиште во Скопје (1968), а од 1980 година стана професор на Факултетот за музичка уметност, каде што остана до крајот на својот работен век предавајќи некои од главните стручни предмети (хармонија, полифонија, хармонска анализа и др.).

Во еден период својата педагошка дејност ја проширува и на полето на композицијата работејќи на подготовка на неколку идни студенти, а потоа и истакнати композитори – Гоце Коларовски, Вања Николовски и Слаѓана Кавај. Во делот на неговото „педагошко досие“ спаѓа и придонесот во креирањето на наставните планови и програми за музичкото образование, како во средните музички училишта, така и за основните и средните училишта по предметот – Музичко образование.

Прочитај повеќе

Радовиш

Заврши 9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати и благодарници

Avatar

Published

на

По петдневно цртање и творење на прекрасни уметнички дела, во петокот вечерта беше затворена  9 -та Меѓународна радовишка ликовна колонија, со изложба на изработените дела и со доделување на сретификати на сите учесници и благодарници на поддржувачите на колонијата.

Претседателот на ДЛУР Рада од Радовиш Душан Коцев, кој е организатор на Радовишката ликовна колонија се заблагодари на ликовните уметници кои беа дел од оваа културно уметничка активност како и на општина Радовиш како покровител на ликовната колонија.

Во продолжение беа додлени сертификати на уметниците  и благодарници на подржувачите  Општина Радовиш, Рудникот Бучим, Компанијата Интерпласт од Радовиш и Винарија Кукутанов од Радовиш.

Прочитај повеќе