Connect with us

Македонија

Мојсоска: ДПМНЕ ја менува Тиранската за Косовската платформа

Avatar

Published

на

Говорот на Генералниот секретар на Левица и народен пратеник Јована МОЈСОСКА на конститутивната Седница беше насочен пред се за тоа кој е Африм Гаши и зошто токму тој е избран за претседател на Собранието.

„Во 2017 кога се избираше Џафери за спикер, за споредба – тогаш СДСМ имаше 49 пратеници, ДУИ имаше 10 пратеници. Сега гледаме како партија која се нарекува дека е последниот бастион во одбрана на македонизмот со 61 пратеник ја дава втората најважна функција на државата во партија која до пред 1 година беше дел од криминалниот режим на Заев.

Повторно се докажа дека оваа партија нема капацитет да ги спречи сите антимакедонски процеси од 2001, па натака, затоа што сето она што го доби ДУИ во претходниот мандат, сега само ќе биде надградено со една Косовска платформа, која ја претставува коалицијата на ‘Вреди’.

Единствено во целиот негов политички ангажман е тоа штово 2013 година кога ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, Африм Гаши беше токму иницијатор за рушењето на споменикот на Цар Душан, така што тоа му беа и зачетоците на пилитичкиот активизам.

Во неговата бледа кариера кога го спасуваше Заев, кога требаше заедно да се руши Владата, тој дури и условуваше да биде дел од Владата каде повикуваше на директно мешање од надворешни експерти за решавање на судски процеси над нас како Монструм, како Диво Населје… Африм Гаши и сите од Вреди не се чувствуваат комотно кога се пее македонската химна. Сега е заменета Тиранската платформа со Косовска“ истакна Мојсоска во својот говор.

Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова се обрати на Kомеморативната седница по повод смртта на Стојан Андов

Avatar

Published

на

Изразувајќи сочувство по повод смртта на првиот демократски избран македонски функционер по осамостојувањето, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека Андов беше државник, политичар, економски експерт, дипломат од висок ранг, политиколог, новинар, публицист, писател којшто ја промислуваше македонската и меѓународната сцена, притоа што е особено важно и за културниот идентитет на македонскиот народ, соживотот на сите македонски граѓани без разлика на нивната верска, идеолошка и национална припадност, соработката со соседите и светот врз односи на рамноправна основа, давајќи голем придонес на културата на сеќавањето, како предуслов за подобро утре на сите.

„Замина првиот претседател на Собранието во демократска Македонија избран на првите повеќепартиски избори, потоа избран уште два пати на истата функција, еден стамен столбник на нашата современост којшто даде сериозен придонес во политичкиот, државниот и општествениот развој во последните три децении“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Претседателката се осврна на идеолошките напади кон Стојан Андов, на неговата улога во југословенското државно и партиско водство, на политичките судири што ги имал во Југославија, како и неговата значајна улога во Стопанската реформа и во затворањето на ФЕНИ.

„Замина, угледен сојузен функционер во поранешната заедничка држава, дипломат кому му се доверуваа најсуштествените задолженија на меѓународен план, којшто беше член на сојузните влади во два мандати, кој што го прокрстари светот, како задолжен за односи со земјите во развој и со Европската економска заедница, претходничката на Европската Унија, којшто во име на сојузната влада го потпиша Договорот за соработка со Европската економска заедница“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова.

Таа потсети дека Стојан Андов во деведесеттите години беше либерал, кој сметаше дека нема реформи без либералните вредности, слободите и правата и економските реформи.

Претседателката Сиљановска Давкова го истакна државничкото однесување на Андов на патот кон самостојноста и независноста, кога, како што посочи, имаше многу изблици на емоции и конфликтот беше во воздухот.

Таа рече дека Стојан Андов беше предводник на разумноста и трпеливоста со неговиот богат животен и професионален опит, одмереност, комуникативност и енциклопедиска образованост, како страствен историчар, прагматичен, со чувство за реалноста и најдобар писател меѓу политичарите.

Прочитај повеќе

Македонија

Таривата на нотарите енормно зголемена, партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните, реагираат од Левица

Avatar

Published

на

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни скандали, зададе нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија, зголемувајќи ја за два до три пати и без тоа веќе високата нотарска тарифа! Ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиена согласност од корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДС и ДПМНЕ! реагира политичката партија Левица.

„Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акт, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.

Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!

Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз. #Левица принципиелно се залага за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и прилагодување на трошоците на граѓаните согласно реалните економски прилики во државата!

Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и Влада да ги намалат трошоците на граѓаните на нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи“ соопштуваат од партијата.

Прочитај повеќе

Македонија

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Avatar

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 21 јуни 2024 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.

Прочитај повеќе