Радовиш
ЈАНА и МИМА од Радовиш единствени претставнички од Македонија во финалето на голем ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПИЈАНО НАТПРЕВАР ВО БАРСЕЛОНА
Published
2 недели agoна
By
Media PressСо бурни аплаузи во преполната сала на Музичкиот центар Викториа Victoria Music Centre беа доделени наградите на финалистите на големиот Интернационален Натпревар по Пијано кој се одржа во самото срце на Барселона во близина на Arc de Triomf. На овој престижен меѓународен пијано натпревар земаа учество и нашите успешни млади пијанистки Јана и Мима Јованови од Радовиш, кои беа единствените претставнички од Македонија. Тие со своите изведби, секоја во својата категорија, оставија посебен белег пред еминентното стручно жири, за што, покрај сертификатите за учество, добија и посебни позлатени плакети од Барселона.
“Веќе подолго време посакував да имам свој настап во Барселона и многу сум среќна што таа желба конечно ми се оствари” изјави Јана, која досега се има здобиенио со околу 40тина награди и признанија за своите успеси по пијано, меѓу кои посебно се истакнуваат наградите од Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена… како и шестоноемвриско признание и плакета за посебни достигнувања во културата и уметноста.
“Би сакала што почесто да имам свои настапи во различни земји, бидејќи многу сакам да патувам и да запознавам нови градови и деца од други држави” симпатично кажа помалата сестра Мима, која претходната година го имаше нејзиниот прв голем меѓународен успех и се здоби со пехар на престижен пијано натпревар во Венеција.
Учеството на натпреварот во Шпанија, делумно е помогнато од единствениот спонзор за ова патување – рудникот Бучим кој ќе обезбеди средства за авионските карти како и за уплата на котизацијата за учество.
Јана и Мима Јованови во текот на оваа сезона ги очекуваат уште неколку големи предизвици на пијано натпревари во странство. Ние како редакција им посакуваме уште поголеми успеси и истовремено апелираме до сите јавни и приватни установи да изнајдат начин и средства за поддршка на нашите млади таленти, кои успешно го претставуваат Радовиш и Република Македонија.
Поврзани содржини
Општина Радовиш и годинава активно се вклучи во Проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
ОО на Црвен крст од Радовиш за прв пат беше домаќин на Регионален натпревар по прва помош
Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир
Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш
Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш, Конче и Срумица
ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник
Радовиш
СОУ Коста Сусинов од Радовиш, домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ
Published
1 недела agoна
мај 10, 2024By
Media PressСОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска беше домаќин на најмасовното образовно рандеву МАСУМ, кое има натпреварувачки карактер и за прв пат се одржува во Радовиш.
Околу 1500 ученици од 45 училишта од Република Македонија денеска ги претставија своите програми и своите вештини и квалитети. Настанот го отвори директорот Миле Арсов, а свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.
Радовиш денеска вриеше од ученици и наставници, како во средното училиште така и по улиците, како и во Музејот на лубовта и уметноста и библиотеката Браќа Миладиновци.
Радовиш
Физичка пресметка на улица во Радовиш, нарушен јавниот ред и мир
Published
1 недела agoна
мај 10, 2024By
Media PressФизичка пресметка на улица во Радовиш во која учествувале и двајца малолетници.
На 09.05.2024 во 19.10 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(20), М.Т.(19) и двајца малолетници, сите од село Ињево, радовишко, од една страна и А.К.(35) од Радовиш, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш
Published
2 недели agoна
мај 3, 2024By
Media PressСДСМ одржа Митинг во Радовиш каде пред граѓаните ја презентираа својата програма и ја побараа поддршката, но и потсетија зошто да не се гласа за противничката политички партија.
„Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми, крај на борбата за независно судство.
Не дозволувајте ВМРО да продава евтини демагогии за иднината. Сетете се како неговиот ментор од Будимпешта ја ограби и ја зароби државата. Сетете се на повеќе од пола милијарда евра народни пари потрошени за криминалниот проект Скопје 2014. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор кои ги запишуваа по списоци, пикаа по автобуси и носеа на контра протести во Скопје, на натепаните студенти. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци и фамилијата која беше на власт,“ порача пред радовишани петседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Радовиш.
Ковачевски од Радовиш порача: Во среда гласајте ЗА европска иднина, за држава во која ќе сакаат да останат вашите деца!
Свое обраќање имаа и кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, носителот во ИЕ4 Венко Филипче и коносителот во ИЕ4 Јована Тренчевска.
„ Сега повеќе од било кога ни е потребно единство.Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај, истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче кој се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.
Кандидатот за пратениик од Радовиш Симона Цветаноски, ја побара поддршката од Радовишани притоа спомнувајќи дека и како одговорно лице на Здравствен дом Радовиш работела во интерес на граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.