Избори 2024

Ристовски: Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прифатија укинување на 20% употреба на албанскиот јазик, со што се гасне унитарниот карактер на Македонија

„Денеска сме во Куманово да испратиме уште една порака не само до Кумановчани но и до македонската јавност. Пред да го дадете својот глас и да ја положите својата доверба на 8 мај во среда сакам длабоко да размислите кому ќе ја дадете таа доверба.  Барајте јасни, чисти, експлицитни ставови од сите политички субјекти за кои веќе вие сте размислувале дека треба да им го дадете својот глас и да ја положите својата доверба. Барајте јасен и експлицитен став што ќе се случи со Уставот на Македонија, барајте јасен и експлицитен став и од ВМРО-ДПМНЕ и од партијата ЗНАМ и од тие коалициски партнери кои веќе најавуваат дека ќе бидат партнери во власта и отворено говорат дека веќе е потпишан договор дека во рок од шест месеци  ќе се промени македонскиот Устав согласно барањата на албанскиот екстремизам. Дали ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа тој нивен став, дали ЗНАМ го прифаќа тој нивни став дека 20% јазикот треба да исчезне од Уставот, јазикот кој што го говорат малцинските етнички заедници, дали тие се согласни со тој став и дали веќе го имаат прифатено тој став, ако не треба јасно, јавно и експлицитно да одбијат на јавна сцена. Исто така треба да каже дали навистина е потпишан договор со албанскиот екстремизам од албанската опозиција дека  Уставот мора да се смени во рок од шест месеци и тие јавно најавуваат дека веќе се имаат договорено и дури дека тие се гарантот дека Уставот ќе биде сменет во рок од шест месеци. Дали со ова се потврдуваат сите сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има потпишано и се има согласено за промена на Уставот. Дали ВМРО-ДПМНЕ и партијата ЗНАМ се имаат согласено за укинување на одредбата од 20% од јазикот, дали тие добро знаат што тоа значи“, рече претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во ИЕ 2 на Коалицијата Храбро за Македонија од Куманово, Љупчо Ристовски.

Тој додаде дека како професор на политички науки 20% јазик кој што го говори малцинска етничка заедница го нема во уставната одредба тоа значи дека веќе имате двојазична Македонија. Тоа значи дека веќе е згаснат унитарниот карактер на Македонија, дали членството кое гласаше и за ВМРО-ДПМНЕ и за ЗНАМ се свесни за овој факт и за овој момент?

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago