Избори 2024

Демократски Сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените

Македонија е заглавена во политичко мочуриште, неопходни се темелни реформи и кадровска обнова доколку сакаме да се придвижат напред сите процеси, вели Павле Трајанов која е повторно избран за претседател на Демократски Сојуз на одржаниот 7 конгрес на партијата.

„На овие избори се одлучува за тоа дали ќе се вградат во системот вредности кои независно од власта ќе гарантираат изградба на пристојна и модерна европска држава, држава на слободни и креативни граѓани, горди на самите себе и на државата на која и припаѓаат и ја градат.

Македонија мора да успее, тоа е наша должност и завет пред идните генерации. Да се биде или не, за тоа одлучувате Вие граѓаните! Излезете на гласање и определете ја иднината на Македонија, демократска, слободна, силна и почитувана од сите.

Демократскиот сојуз е подготвен за промени. За тоа ги предлагаме следните приоритети:

Прво, темелни уставни реформи (нов Устав), со кои ќе се етаблира функционална, современа и демократска држава, ќе се зајакне унитарниот карактер на државата, целосна департизација и деполитизација на виталните државни институции, ќе се ослободиме од решенија (Бадентер, Балансер итн.) кои го блокираат демократскиот развој и јакнење на одговорноста на секој граѓанин.

Во оваа насока ќе се направат и коренити промени на изборните правила (Македонија да биде една изборна единица), со цел да се обезбеди демократизација на државата и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции. Преку измената на Уставот и законите за политичко организирање и дејствување, ќе се демократизираат партиите и другите облици на здружување на граѓаните.

Второ, коренити реформи на правосудниот систем, рекомпонирање на Судскиот совет преку начинот на избор на судии и обвинители, ревизија на нивната работа, ограничување на мандатот на 5 или 7 години, со право на реизбор, уставни измени поврзани со кривична одговорност за одлуките што ги носат судиите и независен буџет.

Идентични реформи ќе има и во јавното обвинителство, а предлагаме и донесување Закон за Уставниот суд,  транспарентен начин на избор на судии во уставниот суд итн.

Трето, системски промени во поставеноста на борбата против тешките облици на криминал, нивна рационализација и формирање на високопрофесионална Агенција за борба против тешките облици на криминал и висока корупција, реформи во поставеноста на службите за безбедност (разузнавање и контраразузнавање) и нивна целосна деполитизација, безбедносни проверки и ветинг за сите вработени, кадровско прочистување и обезбедување плати во висина на платите на обвинители, судии итн.

Четврто, реформи во јавната администрација, преполовување на бројот на министерства, агенции, регулаторни тела, укинување на заменици министри, заменици директори на јавни претпријатија, целосна дигитализација на администрацијата, проверка на стручноста на вработените во јавната администрација, професионализација и обезбедување плати согласно сложеноста на задачите кои ги извршуваат итн. Предлагаме намалување на бројот на пратеници на 90.

Петто, посебна програма за младите, услови за да отвораат бизнис, да создаваат семејства (поволни услови за купување стан, изградба на куќа и сл.), најмалку 30% од кандидатите за советници, пратеници и други функционерски и раководни места да бидат предвидени за младите до 30-годишна возраст.

Шесто, слободна пазарна економија, Македонија да биде информатичка сила, целосна дигитализација, развивање на заштита од сајбер напади, примена на вештачката интелигенција, гасификација, исфрлање на енергенси кои загадуваат, замена на возниот парк со електрични возила итн.

Седмо, бесплатно образование (згрижување на децата во детски градинки, предучилишно образование, основно, средно и високо образование, магистериум и докторат), заострување на критериумите и контрола на приватниот образовниот процес, бесплатна здравствена заштита и дисперзија на терцијарната здравствена заштита, како и создавање услови за модернизација и повисоки плати.

Осмо, слобода на медиумите и едукација за препознавање лажни вести, формирање фонд за поддршка на медиумите, на младите таленти во уметноста, спортисти итн. Само со масовно гласање можеме да тргнеме напред.Почитувани граѓани, судбината е во Вашите раце. Гласајте за горда Македонија!“ стои во соопштението од партијата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago