Connect with us

Василево

Општина Василево обезбеди средства за реконструкција на филтер станицата во Добрашинци

Avatar

Published

на

Со средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата за управување со води за 2024 година, општина Василево ќе ја реконструира филтер станицата во с. Добрашинци, од која со вода за пиење се снабдуваат населените места  Добрашинци,Нова Маала и Чанаклија.
Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информацијата ја сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Обезбедивме средства за реконструкција на филтер станицата во Добрашинци.  Обезбедени се средства за првата фаза од реконструкцијата и надградувањето на филтер станица за прочистување на питка вода во висина од 2.000.000 денари. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, напиша Андонов.
Согласно Барањето поднесено до Министерството за животна средина,  за реконструкцијата која ќе опфати набавка, инсталација и монтажа на опрема, потребни се финансиски средства во износ од 3 000 000 денари, од кои општина Василево, со Одлука на Советот се обврза да обезбеди  26% односно 780 000 денари како сопствено учество во реализацијата на проектот.
Причина за неопходноста од реконструкција на оваа филтер станица е застарената опрема и многу малиот капацитет поради што не ги задоволува потребите на трите населени места ниту по квалитет ниту по квантитет.
Со реконструкцијата проблемот ќе биде долгорочно решен.

Василево

Започнаа градежните активности на улица во Пиперево

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, направи увид во градежните активности на улицата во Турското маало во с. Пиперево, за која како што напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24,  е долгогодишно барање на граѓаните. „Оваа улица ќе добие асфалт по поставувањето на нов тампон. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните“, стои во информацијата на Градоначалникот.

Изградбата на оваа улица е планира со Програмата за изградба, реконструкција и одржување налокални патишта и улици во општина Василево за 2024 година, а средствата за нејзина реализација кои согласно Договорот со изведувачот изнесуваат 380 042 денари се обезбедени од општинската каса.

Должината на улицата изнесува 95 метри, ширината 3 метри. Следната фаза која е всушност и финална е асфалтирањето, кое треба да биде извршено во текот на периодот што следи.

Прочитај повеќе

Василево

Во Добрашинци и Чанаклија, започнаа Велигденските турнири во мал фудбал

Avatar

Published

на

Во населеното места Добрашинци и Чанаклија започнаа Велигденските  турнири  во мал фудбал кои  традиционално се одржуваат по повод големиот христијански празник Велигден. Покровител на турнирите  е општина Василево.
На официјалниот старт на турнирот во Добрашинци присуствуваше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Турнирот во Добрашинци секогаш ќе ја има подршката од општина Василево. Им посакувам успех на сите пријавени екипи и се надевам дека целиот турнир ќе се одвива во фер и спортска атмосфера и ќе победи најдобриот“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот, кој со првиот шут на топката го означи официјалниот старт  на турнирот.
За учество во овој турнир пријавени се вкупно 13 екипи, распоредени во четири групи и тоа:
Група А: Вистони ЖП Босилово,  Васе Чомбе,  Чанаклија,  Брониер, ФК Дрвош,
Група Б: Васфил Сонце Нова Маала,  ФК Добрашинци, Такси Стево Добрашинци,
Група В: Љута Иловица, Злеово, Блатанс пром Добрашинци,
Група Г: Едрениково, Душко Петров, ЦТ-Инстал.
Натпреварите се играат на игралиштето во с. Добрашинци со почеток во 20,00 часот.
Во Чанаклија  натпреварите се играат на новото повеќенаменско игралиште. Финалните натпревари ќе се одиграат во недела на 05 мај, првиот ден на празникот Велигден.

Прочитај повеќе

Василево

Дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, ја најавија пролетта

Avatar

Published

на

Дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, денес, со прошетка низ Василево, заедно со нивните воспитувачки,  го најавија доаѓањето на пролетта.

Маскирани во боите на пролетта, нивните омилени јунаци и кокичињата кои  први ја најавуваат пролетта, веста за нејзиното доаѓање ја споделија и со градоначалникот на општината Славе Андонов, кој им посака  секој ден да им биде среќен и весел, токму како денешниот.

Детските насмевки и смеата беа потврда дека вистински уживаат во денешната улога- весници на пролетта.

Инаку пролетта која започнува денеска на 21 март, ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

Рамноденицата, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамноденица била прославувана и како почеток на новата година.

Прочитај повеќе