Connect with us

Избори 2024

Ванковска од Виница и Кочани: Нашата машинерија е народот, а соочувањето на кандидадите е неопходно

Avatar

Published

на

Професорката Ванковска, како кандидат за Претседател на #Македонија и пратеникот Крмов беа меѓу граѓаните на Виница и Кочани, главен акцент ставија на одбивањето на демократско соочување на седумте кандидати на овие претседателски избори!

– Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени. Јас се чувствувам како да ме изеде туѓиот срам, а овде првенствено мислам на кандидати кои се доктори на науки, кои се професори, кои меѓусебно се провоцираат и се повикуваат еден на еден на специјални дебати, притоа игнорирајќи ги сите останати. Сите седуммина заслужуваме еднаков третман, еднаква можност предмедиумите, да го кажеме тоа што го имаме во програмите, кратко и во формат што е стандард и за западните земји и за сите демократии.

Постојано кажувам и апелирам дека ние сме им должни на граѓаните, затоа што ни дале по 10 илјади потписи и многу повеќе. Очекуваат да нè видат сите, еден спроти друг, со аргументи, со тези, а потоа да ја донесат одлуката за кого ќе гласаат, согласно со сето она што сме го правеле, истакна Ванковска.

Во врска навредите, личните дисквалификации и острите зборови што можат да се слушнат во кампањата, таа нагласи дека не се осврнува на таквото ниво на комуникација, туку се обидува да води позитивна кампања.

-Јас немам машинерија зад мене, нашата кампања е скромна и нашата машинерија е народот, тоа ми го кажуваат обични луѓе. Штом можам без обезбедување, слободно да се прошетам во градовите низ државата, тоа ми е најважно, а другите нека се препукуваат и на секој митинг, како стрини преку плот, си кажуваат неубави работи. Мене и таквите како мене, ме игнорираат, но и јас се однесувам така, освен што ги предизвикувам и им фрлам ракавица, да повелат јавно, МТВ ни ги отвори студијата за да се соочиме до крајот на кампањата, додаде Ванковска.

Во рамки на предизборната кампања на #Левица во источниот регион, професорката Ванковска претходно имаше средби и со граѓаните од општина Виница.

Избори 2024

Демократски сојуз: Двојната победа е огромен предизвик

Avatar

Published

на

Демократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции, велат од партијата.

„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.

Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.

Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.

Победата е голема, а одговорноста е огромна“ стои во известувањето од Демократски сојуз.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Народот на Македонија се одважи и излезе масовно на гласање, за 20 дена нов состав на Собрание

Avatar

Published

на

Голем пораз на СДСМ на парламентарните и претседателски избори, а убедлива победа на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата. Но истовремено ова е лекција за останатите политички субјекти, граѓаните покажаа дека кога се работи за македонскиот интерес, тогаш народот се обединува и неправи компромис.

Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав од 120 члена, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата и седми претседателски.

Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.

Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас.

Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Силјановска Давкова. На 12 мај истекува мандатот на Стево Пендаровски.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Мицкоски: Христовото Воскресение е многу значаен ден, да се обединиме, да се сплотиме како народ и како нација!

Avatar

Published

на

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски им го честита глемиот христијански празник Велигден на сите граѓани но притоа одоговараше и на новинарски прашања.

„Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден, на сите верници. Да им посакам спокој на нив и нивните семејства. Христовото Воскресение му покажа на човекот колку Бог го сака, и дека беше спремен да биде распнат за спасението на човештвото. Да се обедиме да се сплотиме бидејќи тоа ни е потребно како нација.

Тој притоа рече дека на претстојните избори очекува убедлива победа и идниот претседател да биде Гордана Силјановска Давкова.

Прочитај повеќе