Connect with us

Македонија

Трипуновски: Вкупниот број на тутунопроизводители е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016

Avatar

Published

на

Денеска се исплатени субвенциите за тутун на 14.300 тутунопроизводители. Ова ќе беше добра вест се додека не ја погледнеме статистиката за тутунот и тутунопроизводителите, вели дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

„Во 2023 година имаме 17.587 тутунопроизводители, а субвенции добиле само 14.300, односно 3.287 тутунопроизводителите не добиле субвенции, а вкупниот број на тутунопроизводителите е намален за неверојатни 5.851 во споредба со 2016 година кога сме имале регистрирано 23.438 тутунопроизводители. Дополнително количината на откупен тутун во 2023 година изнесува 14.8 милиони килограми или за 10.4 милиони килограми помалку споредбено со 2016 година кога вкупно биле откупени 25.2 милиони килограми тутун. Сите овие негативни статистики за бројот на тутунопроизводителите и количината на откупен тутун си имаат и негативен финансиски удел, односно само по основ на извоз на тутун во 2023 година имаме неверојатни 70 милиони евра помал девизен приход во споредба со 2016 година. Ова се “успешните“ земјоделски политики на Николовски и СДСМ, низ статистиката гледаме како се уништува македонското земјоделство и како секој ден се повеќе се намалува бројот на земјоделците во Македонија“ реагира Трипуновски во својата објава.

Линк до објава: https://www.facebook.com/tripunovskicvetan

Избори 2024

На 22 мај, прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Avatar

Published

на

На 22 Мај во Среда прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, според одлуката која ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.

Државната изборна комисија ги усвои приговорите за прегласување во Желино,   ИМ 2101  поднесен од Коалицијата„ Влен“, во Охрид,  ИМ 1272   поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, во Крушево,  ИМ 1194 и ИМ1202  поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, Струга,  ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“ и во Долнени,  ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“.

„Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба,  се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места“ соопштува ДИК.

Прочитај повеќе

Македонија

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ

Avatar

Published

на

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.

Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.

Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.

Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар

Avatar

Published

на

„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.

,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.

„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.

Прочитај повеќе