Избори 2024
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: Евроинтеграциите ги блокираа ДУИ и СДСМ
Published
6 месеци agoна
By
Media Press „Телевизиската дебата помеѓу Мицкоски и Ковачевски, само го потврди кристално чистиот став на Демократскиот сојуз, дека евроинтегративниот процес е блокиран од ДУИ и СДСМ и одговорност за тоа мора да понесат“, реагираат од партијата.
„СДСМ го прифати „Францускиот предлог“ подготвен во Мала Речица од страна на претставници на ДУИ и Бугарија.Тој предлог беше трансформиран во Преговарачка рамка, во која се вградени сите барања на Бугарија. Во Рамката не е предвидено македонскиот јазик да биде официјален во ЕУ по приемот на Македонија во Унијата, во Рамката се вградени и историски, образовни и идентитетски прашања, што е спротивно на Копенхашките критериуми, предвидена е и имплементација на Договорот за добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија, како и протоколите со кои Бугарија наметнува решенија со кои се негира нашата историја, јазик и идентитетскиот континуитет.
Ковачевски и Ахмети не се обидоа да обезбедат поширок граѓански и политички консензус и не водеа сметка за нашите национални, стратешки и граѓански интереси.
Демократскиот сојуз е цврсто определен за ЕУ, но и за коренити реформи во многу области, како и за Влада растеретена од корупција и клиентелизам, Влада која ќе воспостави ред во државата и ќе отвори перспективи за младите“, стои во известувањето од Демократскиот Сојуз до медиумите.
Поврзани содржини
Демократски сојуз: Двојната победа е огромен предизвик
ДС ги потсетува партиите, посебно ДУИ, дека согласно Уставот на Република Македонија, мандат за состав на Влада добива партијата/ партиите кои имаат мнозинство (најмалку 61 пратеник)
Демократски Сојуз: Повик до граѓаните да се вклучат во промените
Претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, денеска ќе го посети Радовиш
ВМРО-ДПМНЕ ја започнува претседателската кампања со организирање на голем народен митинг пред Влада на Република Македонија
Демократски Сојуз: Коалицијата со СДСМ ја напуштивме пред повеќе од една година
Избори 2024
На 22 мај, прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица
Published
5 месеци agoна
мај 20, 2024By
Media PressНа 22 Мај во Среда прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, според одлуката која ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.
Државната изборна комисија ги усвои приговорите за прегласување во Желино, ИМ 2101 поднесен од Коалицијата„ Влен“, во Охрид, ИМ 1272 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, во Крушево, ИМ 1194 и ИМ1202 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, Струга, ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“ и во Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“.
„Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба, се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места“ соопштува ДИК.
Избори 2024
Демократски сојуз: Двојната победа е огромен предизвик
Published
5 месеци agoна
мај 9, 2024By
Media PressДемократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции, велат од партијата.
„Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.
Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.
Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.
Победата е голема, а одговорноста е огромна“ стои во известувањето од Демократски сојуз.
Избори 2024
Народот на Македонија се одважи и излезе масовно на гласање, за 20 дена нов состав на Собрание
Published
5 месеци agoна
мај 9, 2024By
Media PressГолем пораз на СДСМ на парламентарните и претседателски избори, а убедлива победа на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата. Но истовремено ова е лекција за останатите политички субјекти, граѓаните покажаа дека кога се работи за македонскиот интерес, тогаш народот се обединува и неправи компромис.
Според првичните резултати од вчерашните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница, од обработени над 99,27 проценти од гласовите, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 431.251 (43,23%) или 58 мандати во новиот собраниски состав од 120 члена, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 153.250 (15,36%) – 18 пратеници, Европски фронт на ДУИ 137.486 (13,78%) – 19 пратеници, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 106.991 (10,72%) – 13 мандати, Левица има 67.338 гласа (6,75%) – 6 пратеници, а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 55.539 (5,57%) – 6 пратеници. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаат под еден процент гласови.
Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ со добиени 96.536 гласа би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 41.962 гласа ќе има 5 мандати, додека Левица (12.427) и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (8.405) по еден пратеник.
Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.
Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.
ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.
Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата и седми претседателски.
Во согласност со Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори, а ќе ја свика претседателот на Собранието од претходниот состав.
Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои 308.632 гласа повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски. Од обработени 99,09 отсто од избирачките места i 99.82 отсто обработени избирачи, за неа гласале 560.173 граѓани, а Пендаровски доби 251.541 глас.
Најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Силјановска Давкова. На 12 мај истекува мандатот на Стево Пендаровски.