Connect with us

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов, со апел до граѓаните да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти.

„Почитувани граѓани на Општина Конче , би сакал да упатам апел до сите граѓани кој што обработуват земјоделски површини и сите оние граѓани кои од други причини имаат потреба да се движат по шумските делови и земјоделските површини , да не ги ОПОЖАРУВАТ (палат) своите земјоделски површини и пошумени имоти . Како резултат на таквата негрижа во вчерашниот ден беше предизвикан шумски пожар од кој беше предизвикана огромна материјална штета на дабова шума во м.в ,,Брестиви дол” , атар на село Габревци!!!“ стои во апелот од градоначалникот Ристов.

Конче

Дел од борачите на Бучим Шампиони Конче се веќе една недела на подготовки во Штип организирани од Бф на Македонија

Avatar

Published

на

Дел од борачите на Бучим Шампиони Конче се веќе една недела на подготовки организирани од Боречката федерација на Македонија кои се одржуваат во Штип и тука ќе бидат до први октомври , a веќе на втори заминуваат за Скопје на Балкански шампионат. На подготовките се повикани машката и женската селекција на Македонија каде женската селекција ја води нашиот тренер Христов Марјан.  Фросина Атанасова, Спасија Василева и Михаела Георгиева се дел од женската, дедека Кристијан Атанасов е од машката селекција, информира градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој вели дека  како општина се горди на младите борачи.

„Балканското првенство ке се одржи од 03 до 07 октомври во Скопје од каде очекуваме видливи резултати од нашите борачи, заедно со поддршката од целата општина. Се надеваме дека повторно ќе ја направиме горда нашата општина“ вели градоначалникот Ристов во својата објава на социјалните медиуми.

Прочитај повеќе

Конче

Село Ракитец доби нова асфалтирана улица со вкупна должина од 816 метри

Avatar

Published

на

Село Ракитец доби нова асфалтирана улица со вкупна должина од 816 метри, во проектот се опфаќа и промена на главната водоводна мрежа со инсталација на нова мрежа во должина од 520 метри со профил Ф90 и промена на дел од застарениот и оштетен канализационен крак“, информира градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со демант на изнесените „клевети“ како што вели, против него како градоначалник

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов испровоциран од објавите на социјалните мрежи со кои како што самиот вели го клеветат и го нарушуват неговиот интегритет, со објава на неговиот ФБ профил ја појаснува целата ситуација, СО ЦЕЛ ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ЗНААТ ВИСТИНАТА.

„Почитувани граѓани ! Во изминатите неколку дена од неколку електронски медиуми и одредени лица од СДСМ, беа изнесени неколку клевети против мене како градоначалник на Општина КОНЧЕ . Имено станува збор за Партерно уредување на автобуска постојка и припрема за поставување на метална конструкција за стојалиште” со оглас бр.03664/2024 . Но никаде не е предвидена и наплатена ,,Автобуска Постројка” како што тие ја објавуват по социјалните медиуми !!! вели градоначалникот Ристов во демантот на својот ФБ профил, притоа објавувајќи и слики од како што вели „нивните објави“:

„Бидејки сметам дека со изречените Клевети против мене како градоначалник на Општина КОНЧЕ ми е нанесено голема штета на угледот и чест, барам во рок од осум дена лицето Серхан Нанушев од Конче и електронскиот медиум INFOMAX.mk јавно преку социјалните медиуми да ми се извинат !
Доколку не го сторат тоа во предвидениот рок, јас и сопственикот на ГП Техника ќе поднесеме Тужба за Клевета“, вели градоначалникот Ристов.

Градоначалникот притоа во коментар ја појаснува целата постапка за реализација на овој проект.

„Согласно годишен план за јавни набавки во општина Конче на ден 14.02.2024 год. од страна на општина Конче беше распишана набавка од мала вредност со оглас бр.02385/2024 со проценета вредност од 534 818 ,00 денари , каде имавме една понуда со вредност од 865 486,50 ден., ДДВ 155 787,57 ден. и вкупна вредност од 1 021 274 ,07 ден. Истата набавка беше поништена со одлука за поништување на постапката бр.02385/2024 , заради тоа што понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот. По извесно време на 28.02.2024 год. со оглас 03664/2024 се распиша нова јавна набавка од мала вредност за проект “Партерно уредување на автобуска постројка и припрема за поставување на метална конструкција за стојалиште” со оглас бр.03664/2024 , каде се добиени 4 понуди и по спроведена е-аукција е прифатена понудата на ДПГТ Техника ДООЕЛ –Радовиш за најповолна со вредност од 399 021,00 ден.,пресметан ДДВ од 71 823,78 ден., односно вкупна вредност од 470 844,00 ден. со што беше донесена одлука за избор и склучен договор по истата набавка.

Во прилог на прикачен договор на ЕСЈН се доставува корегирана понуда од економскиот оператор каде може да се видаат сите позиции предвидени по спецификација кои треба да се сработат. Од таму може да се види дека се работи за реализација на основен проект со предвидени фази за изградба за горен строј преку набавка ,транспорт и вградување на тампонски слој со планирање , поставување на бетонски рабници , подлога од песок , вградување на бехатон плочки со д=6 см. и вградување на бетон со одредена количина.Во одводнувањето – пропуст ф 400 , се изработени покрај машинскиот ископ на земја , се поставени бетонски цевки, бетонирање на горна плоча, вклучувајќи спремање и монтажа на ребраста арматура и заштита со хидроизолација над горна плоча.Оваа го презентираме заради тоа што во обвинувањето односно на социјалните мрежи се дава сосема друга слика дека се поставува метална конструкција која се наплаќа по дадената вредност од договорот. Овие шпекулации и испревртени информации нема да не запрат во Нашите намери за рационално искористување на секој денар од буџетот на општината по планирани програми и цели за подобрување на условите за живот на граѓаните од општина Конче“ додава Ристов во својот коментар на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе