Општина Радовиш и годинава додели стипиндии на одлични и талентирани ученици
На 35
ученици од основното и средното образование во Општина Радовиш денеска им беа
врачени договорите за добивање на стипендија од општината, за учебната 2023 / 2024 година. На избраните стипендисти кои се
пред се одлични и талентирани ученици кои
учествувале и освоиле награди на регионални и државни натпревари, ова им
претставува поголем стимул за подобри успеси и достигнувања
во иднина.
Договорите во име на општината ги додели градоначалникот Ацо Ристов кој рече дека ова е значајно како за самите ученици така
и за општината потенцирајќи колку образованието е важен фактор за едно успешно општество. Честитајќи им на постигнатите успеси и резултати, тој на учениците им порача да го ценат и негуваат образованието и им посака уште поголеми достигнувања во животот. Тој апелира и до компаниите да дадат поддршка и да
вложуваат во потенцијални идни кадри кои би можеле во иднина да ги вработат.
Општина Радовиш додели 16 (шеснаесет)
стипендии, на ученици од VI до IX одделение од основното образование, во висина од 2.500
денари месечно, за 9 (девет) месеци во текот на учебната година,
11 стипендии се
доделени на талентирани ученици од
I до IV година од средното образование, во висина од 3.000 денари месечно. И 8 стипендии додели Општина Радовиш – по основ
на пониски примања во семејството, на ученици од
основно и средно образование, а висината на стипендијата е 2500 денари за
основно и 3000 денари за средно образование.