Connect with us

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Струмица

Цеков: Обвинувањата на градоначалникот на општина Струмица Костадинов за саботажа се лажни и бараме истиот да се извини

Avatar

Published

на

Пратеникот Миле Цеков со јавна осуда и до градоначалникот Костадинов дека изнесува лаги и манипулации и бара извинување.  

„Движењето ЗНАМ донесува предлог решение на основа на факти

Итно мора да се реши проблемот со водата !

Во нашата држава има закони и институции да ја утврдат реалната состојба

Јавно ги осудувам изнесените лаги и манипулации од градоначалникот Коста Костадинов за наводна саботажа од страна на ЗНАМ и барам истиот да се извини“

„Партијата Движење ЗНАМ за Наша Македонија нема ниту еден кадар, ниту било каква друга поврзаност со аферата со немање чиста вода за струмичани!

Обвинувањата на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов за саботажа се лажни и бараме истиот да се извини!

За да се спречат лажните обвинувања на Костадин Костадинов и неговото пренасочување на вината, ОО ЗНАМ за Наша Македонија Струмица ги повикува надлежните инспекции да проверат:

 Зошто фабриката за прочистуввање вода на ЈПКД Комуналец Струмица, а која е единствен субјект одговорен да обезбеди чиста вода за струмичани, не е во можност да ја прочисти водата.

Да се провери во каква состојба е водоводната дистрибутивна мрежа во Струмица.

 Да се провери дали имало судир на интереси и дали техничкиот директор на ЈПКД Комуналец Струмица до пред неколку месеци бил во борд на директори на АД Водостопанство Македонија и која е неговата улога во управување со АД Водостопанство Струмица.

Институциите нека ја утврдат реалната состојба, а ние од ЗНАМ за Наша Македонија ќе понудиме решение“, стои во реакцијата од Движење ЗНАМ за Наша Македонија од Струмица.

преземено од: https://www.facebook.com/mile.cekov

Прочитај повеќе

Струмица

Препукување помеѓу пратеникот Миле Цеков и ЛО Левица од Струмица, околу ЈП Комуналец

Avatar

Published

на

„Јавно ви ги демантирам изнесените лаги и манипулации дека директорот на АД Водостопанство преминал во партијата Движење ЗНАМ, за повторно да добие позиција, стои во ФБ објавата на пратеникот од Струмица Миле Цеков од Движење ЗНАМ, како реакција на фб објавата на Левица од Струмица.

„Ве молам на овие сензитивни теми не се обидувајте да правите личен рејтинг. Потенцирам, ниту сум разговарал со директорот ниту сум имал средба, а доколку имате доказ ве молам јавно да го објавите,“ вел пратеникот Цеков во својата објава и притоа бара јавно извинување.

„Домаќинствата во општина Струмица уредно си плаќале сметки за вода мислејќи дека добиваат квалитетна вода за пиење, а парите АД Комуналец Струмица не ги уплаќало на Водостопанство оти замислете, така на своја рака си решиле тие што ја водат општината, затоа што Водостопанство испорачувала неквалитетна вода. Ситуацијата ескалира кога некој си таму директор на Водостопанство кој до вчера бил од СДС и им чувал грбовите на одговорните од општината, нормално за и тие да му ја чуваат позицијата, по јавните сомнежи од граѓаните дека сега си преминал во партијата ЗНАМ за повторно да биде на позиција и кажува за долгот на Комуналец кон Водостопанство дека изнесува фамозни 70 милиони денари. Сега се води партиска војна а граѓаните се колатералка, како и секогаш. Граѓаните немаат вода за пиење.

ЛО ЛЕВИЦА СТРУМИЦА бара Основното Јавно Обвинителство во СТРУМИЦА под итно да отвори случај по две основи: за загрозување на здравјето на граѓаните и за утврдување на постоечко криминално дејствие во однос на долгот што е направен кон АД Водостопанство и истражна постапка за тоа каде завршувале тие пари ако не биле уплаќани на АД Водостопанство, а се платени од сметките на граѓаните“, стои во објавата на ЛО Левица од Струмица.

Преземено од: https://www.facebook.com/mile.cekov

Прочитај повеќе

Струмица

Лишено од слобода лице од струмичко со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон од 24 годишна жена

Avatar

Published

на

На 11.09.2024 во 22.10 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Л.(42) од село Владевци, струмичко. Тој се сомничи дека околу 20.30 часот во Струмица, од 24-годишна жена од село Мокриево, струмичко, со употреба на сила одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственичката.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Г.Л. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе